Спорт
Топспорт во Порто….Кристијано Роналдо и Стефан Ристовски се „пресметаа“ и пред 10 години
Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Стефан Ристовски како капитен на репрезентацијата на Македонија ја предводи армијата на Благоја Милевски во обидот за ново светско чудо во фудбалот и пласман на мундијалот во Катар. По елиминацијата на Италија, сега македонскиот национален тим е во Порто, каде вечерва на „Драгао“ ќе го има мечот на животот против Португалија на Кристијано Роналдо.

Во селекцијата на Македонија е и Стефан Спировски. Тие двајца беа дел од репрезентацијата и пред една деценија, кога Македонија одигра 0-0 против Португалија. Тогаш селекциите на Португалија и на Македонија одиграа пријателски натпревар во Леирија.

Од тој тим на Португалија се уште играат капитенот Кристијано Роналдо и искусниот играч за врска, Жоао Мутињо. Овојпат пресметката е многу позначајна, влогот е виза за мундијалот во Катар.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер со авто-гол во 94-та минута победи во Верона
Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот.
Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа на 18-то место.
Интер, на време го постигна првиот гол, во 16-та минута, Чалханогдлу од корнер го „гаѓаше“ Зјелински на линијата од 16 метри, а Полјакот само го отвори стаполото и ја закова топката во голот.
La sciabolata tesa di #Calhanoglu, la coordinazione di #Zielinski…
POESIA#VeronaInter #InterFans pic.twitter.com/Je1nNn9jYs
— InteЯeverse (@InteReverse_) November 2, 2025
Верона одговори преку младиот Бразилец Џовани во 40-та минута. Во финишот Интер имаше среќа бидејќу ударот на Орбан заврши во стативата.
Во второто полувреме, Интер ја имаше теренската иницијатива, но не успеа да ја претвори во гол. И кога се очекуваше дуелот да заврши 1:1, среќата им се насмевна на фудбалерите на Интер.
Во четвртата минута од судиското продолжение по центаршут, топката го погоди Мартин Фрезе во главата и заврши зад грбот на неговиот голман.
Во следното коло, „нероаѕурите“ ќе го пречекаат Лацио на домашен терен, додека Верона ќе гостува кај Лече.
Спорт
Спалети: Ова е Јувентус, нормално е дека постои притисок
Лучано Спалети со обеда во Крмеона го запошна мандатото на клупата на Јувентус. „Старата дама“ го победи Кремонезе со 2:1, со головите на Костиќ и Камбијасо, стрелец за домашниот тим беше англискиот ветеран Варди.
„Првото полувреме беше добро. Ми се допаѓа начинот на кој се однесувавме, очигледно е дека имаме потенцијал во тимот, па затоа мора брзо да растеме.
Им верувам на групата, на играчите што ги имам. Сепак, постои притисок што го имам затоа што сме Јувентус“, рече Спалети.
„Јуве изгледа како одлична работа, но кога мора да бидете на клупско ниво, тогаш некои луѓе го чувствуваат притисокот. Да речеме дека победата нè става во добра позиција пред почетокот на авантурата“, рече Спалети.
Тој исто така вели дека неговите емоции брзо исчезнале кога почнал натпреварот.
„Не ми е прв пат на клупата, но доаѓам по разочарувачко искуство со националниот тим. Мислам дека сите треба да растеме како група“, рече Спалети.
Спорт
Вулверхемптон го отпушти тренерот
Премиер лигата е позната по ниската толеранција на тренерски грешки, а на крајот од 10-то коло беше објавен четвртиот отказ од почетокот на сезоната. Вулверхемптон во моментов не изгледа како тим што ќе биде во елитата следната сезона, па затоа челниците решија цехот да го плати тренерот.
Витор Переира не издржа ниту една година на позицијата шеф на стручниот штаб на Вулверхемптон, а овој потег на раководството не претставува големо изненадување токму поради формата во која се наоѓа тимот.
Вулвс се последни на табелата и се уште се без победа оваа сезона. Вулверхемптон успеа да освои само два бода во 10 натпревари, има најмалку постигнати и најмногу примени голови, а последната капка беше поразот од 3:0 против Фулам во саботата.
Во декември претходната година, Переира ја презеде тренерската палка од Гари О’Нил, а во 38 натпревари оствари учинок од 14 победи, шест нерешени резултати и 18 порази.
Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот наследник, но едно е сигурно, кој и да дојде се соочува со тешка задача.
Португалецот е четвртиот стручњак што е отпуштен оваа сезона, а во прашање се три тима што моментално се наоѓаат во зоната за испаѓање:
Тренери кои беа отпуштени оваа сезона во Премиер лигата
Нуно Еспирито Санто: Нотингем Форест – 8 септември
Греам Потер: Вест Хем – 27 септември
Ангелос Постекоглу: Нотингем Форест – 18 октомври
Витор Переира: Вулверхемптон – 1 ноември

