Спорт
Торсби: Некои од соиграчите ме викаат Грета Тунберг
Фудбалерот од средниот ред на Сампдорија, Мортен Торсби, признава дека неговата голема загриженост за еколошките теми предизвикала некои од соиграите да го викаат Грета Тунберг.
25-годишниот Норвежанец е редовен првотимец на „Мараси“ со 28 настапи оваа сезона, но познат е како еколошки активист.
„Јас сум обичен човек, кој игра фудбал и во исто време е еколошки активист. Имам среќа што играм професионално, што ова ми е работа и го правам она што го сакам. Во исто време имам огромна страст во борбата за климата и за еколошките прашања. Тоа почна кога имав 15 или 16 години, околу 2011, кога почнав да читам за работите што се случуваат, а никој не презема ништо. Во исто време и мојата фудбалска кариера се придвижи и отидов во Холандија, каде што бев озлогласен за тие теми. Сите велат дека сме само фудбалери, но ако многу фудбалери зборуваат на една тема, нешто ќе се случи. Да, вистина е дека дел од колегите ме викаат Грета Тунберг. Не ми пречи, но не би се споредувал со неа. Таа врши фантастична работа, но им зборува на политичари на кои не им е грижа. Мислам дека треба да се поедностави пораката и што е можно повеќе луѓе да привлечеме да почнат да размислуваат. Но, Грета заврши одлична работа и не ми пречи да ме викаат така“, вели Торсби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Феникс Санс го отпуштија Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.
Спорт
Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат на 1.јуни на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите.
Реал во своето 18.финале ќе се обиде да го освои 14. трофеј, додека Борусија трет пат ќе се бори за титулата во ЛШ. „Милионерите“ имаат една титула.
Сепак, ако на дуелот во Лондон се гледа само од финансиска перспектива, на Борусија повеќе и се исплати да загуби!
УЕФА победникот ќе го награди со 20 милиони евра, додека поразениот клуб ќе заработи 15,5 милиони евра.
Доколку загуби Борусија ќе добие дополнителни 25 милиони евра, но не од УЕФА туку од Реал.
Џуд Белингем, минатото лето за сума од 103 милиони евра, од Борусија се пресели во Реал. Во неговиот договор има клаузула според која Реал мора да и исплати на Борусија дополнителни 25 милиони евра доколку Белингем со Реал ја освои Лигата на шампионите во наредните пет години.
Спорт
Баер Леверкузен ги собори сите рекорди на непобедливост
Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од тренерот Чаби Алонсо, станаа рекордери во светскиот фудбал. „Фармацевтите“ 49 натпревар не знаат за пораз. Тие, синоќа, го урнаа рекордот на Бенфика стар 59 години.
Она што особено инпресионира во оваа нестварна серија се головите што ги постигнуваат играчите на Алонсо по 90.минута. Сезонава одиграле 17 такви натпревари.
Синоќа против Рома, исто како и пред десет дена против Штутгарт, Баер од пораз се спаси со гол во 97.минута.
„Фармацевтите“ ќе имаат можност да ги освојат сите можни трофеи оваа сезона. Тие одамна ја освоија титулата во Бундеслигата, што беше нивна прва во клупската историја, а до крајот на овој месец ги очекуваат финалните натпревари во Купот на Германија и Лига Европа.
Избраниците на Чаби Алонсо последен пат загубија на 27 мај минатата година во последното коло од Бундеслигата против Бохум со 3:0.
Bayer everkusen 90th minute goals this season:
90′ vs Ottensen
90′ vs Bremen
90+1′ vs Leipzig
90+1′ vs Stuttgart
90+1′ vs Hoffenheim
90+1′ vs West Ham
90+2′ vs Sandhausen
90+2′ vs Qarabag
90+3′ vs Qarabag
90+4′ vs Bayern
90+4′ vs Qarabag
90+4′ vs Augsburg
90+5′ vs Bayern
90+7’… pic.twitter.com/Oxh2BymdRI— StatMuse FC (@statmusefc) May 9, 2024