Спорт
Тотенхем без Лорис на двомечот со Милан во ЛШ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/ugo-loris.jpg)
Англискиот премиерлигаш Тотенхем најмалку еден и пол месец ќе биде без првиот голман Уго Лорис. Тој заработи повреда на коленото на дербито против Манчестер Сити и ќе мора да отсуствува.
Медицинските прегледи покажале дека Лорис има оштетување на лигаментите на коленото и ќе мора да ја санира и со хируршки зафат.
Лорис сигурно го пропушти двомечот против Милан во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Конечен расплет во Е групата – Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbs_b_c_82ac1c5980d966282a3fd150042ff84a.jpg)
Најинтересна и најнеизвесна група пред последното коло од групната фаза на ЕП е групата Е. Во последната рунда сите селекции влегваат со по три бода.
Поради гол разликата на табелата води Романија (3:2), следуваат Белгија (2:1), Словачка (2:2) и Украина (2:4).
Не се знае кој ќе оди во нокаут фазата, но сигурно е дека од оваа група три селекции ќе се пласираат во осминафиналето. Јасно е дека победа на секоја селекција и гарантира место во Топ 16.
Доколку Романија и Словачка ремизираат, со по четири бода се сигурни во осминафиналето.
Се поставува прашањето што ќе се случи доколку двата натпревари завршат нерешено?
Првата опција нерешените резултати да бидат идентични или доколку Белгија и Украина ремизираат со помалку голови од Романија и Словачка, тогаш распоредот би изгледал вака: Романија, Белгија, Словачка, Украина. Односно Украинците би биле елиминирани поради најлошата гол-разлика.
Друга опција е Белгија и Украина да ремизираат со постигнати голови (1:1), а Словачка и Романија без голови, тогаш Белгијците би го зазеле првото место, пред Романија и Словачка.
Конечно, еве уште неколку клучни податоци за секоја репрезентација:
Романците сигурно ќе напредуваат доколку не загубат од Словачка, а ќе бидат први во групата доколку Белгија не ја победи и Украина. Романците испаѓаат само ако загубат од Словачка, а Украинците освојат барем бод со Белгија.
Белгијците исто така напредуваат ако останат непоразени против Украина, а исто така ќе бидат на чело на групата доколку победат и Словачка не успее да ги победи Романците. Белгијците можат да испаднат само ако загубат, а Романија го избегне поразот.
Словаците сигурно ќе одат понатаму ако ги победат Романците, а можат да ремизираат и да одат како третопласирана екипа. И Словаците можат да бидат први, но мора да победат и Украина да не ја победи Белгија. Словаците ќе бидат елиминирани доколку загубат, а Белгија остане непоразена.
Конечно, Украина сигурно ќе оди понатаму ако ја победи Белгија. Украинците можат да продолжат како трети доколку ремизираат со Белгија, но ако има победник на натпреварот Романија-Словачка. Украинците сигурно ќе испаднат ако загубат од Белгија и ако Словаците освојат барем бод.
Спорт
Леброн и во иднина ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/17193533732032.jpg)
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата и во следните три сезони ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
Лејкерси на 39-годишниот кошаркар му понудија огормен договор, се очекува Леброн да го прифати. .
Леброн за три години би требало да заработи дури 162 милиони долари. Во првата сезона неговата плата би била 50, во втората би се зголемила на 54, а во третата година од договорот на 58 милиони долари.
Џејмс дојде во Лејкерс во 2018 година од Кливленд. Покрај овие два тима, тој го носеше и дресот на Мајами Хит.
Леброн со Лејкерси ја освои титулата во 2020 година.
Спорт
Кек: Не очекував пласман во осминафиналето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/AFP0238537622979790740028738371097241441819-1.jpg)
Репрезентацијата на Словенија постигна историски успех на Европското првенство во Германија. Словенците прв пат се пласираа во нокаут фазата на едно големо натпреварување.
Избраниците на Матјаж Кек, во Ц групата, ремизираа со Данска 1:1, Србија 1:1 и Англија 0:0, што им беше доволно за пласман во нокаут фазата. .
„Не очекував дека ќе поминеме. Сепак, со играта заслуживме да одиме понатаму. Игравме против Англија, еден од фаворитите на турнирот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми“, изјави селекторот на Словенија Матијаж Кек и додаде:
„Горд сум на овој тим. Ја видовте енергијата што играчите ја добиваат од нашите навивачи од првиот натпревар. Се радуваме на тоа, но од утре се враќаме на тренинзите, ќе се подготвуваме за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим. Мислам дека ова е почеток на нова и убава ера за словенечкиот фудбал“, рече Кек.
Словенија, која беше трета во групата, заедно со првопласираната Англија, денеска ќе ги дознаат имињата на своите ривали во осминафиналето. Данска од втората позиција оди во Германија.