Спорт
Тотенхем и Евертон со минимални победи кај „давениците“

Тотенхем и Евертон ја продолжија битката за место кое води во европските купови, откако стигнаа до минимални победи над противници кои грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата – Тотенхем кај лондонските соседи Фулам победија со 0:1, а Евертон со идентичен резултат славеше кај Вест Бромвич Албион.
На „Крејвен котиџ“ препородениот Деле Али во 19. минута од мечот упати удар, кој од нозете на Абдул-Насир Адарбиојо заврши во голот. Фулам постигнаа гол во 62. минута од мечот, кој беше поништен поради играње со рака, и се обидуваа грчевито до последните моменти да стигнат до израмнување. Ова е победа на Жозе Мурињо над својот поранешен играч во Челси, Скот Паркер.
На „Хоторнс“ пак, Ришарлисон со гол во 65. минута донесе нови три поени за Евертон на Карло Анчелоти, и ги намали шансите на Вест Бром да останат во елитата.
По 29. кола, Евертон се искачи на четвртото место на табелата со 46 поени, Тотенхем се осми со четири поени помалку. На дното пак, Фулам остануваат 18-ти со 23 поени, три под зоната за испаѓање, додека ВБА се 19-ти со само 17 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса сака да го врати Олмо во Каталонија?

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо како млад ја напушти Каталонија и се пресели во Загреб, во Динамо за да се изгради како играч.
Успеа во мисијата, па по неколку сјајни сезони со „модрите“ се пресели во Лајпциг, на инсистирање на младиот стратег на „биковите“, Нагелсман.
Каталонски „Спорт“ пишува дека во Барселона не го заборавиле Олмо, го следат.
„Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија. Придонесува со головите, но и со своето влијание на целокупната игра“ – пишува шпанскиот медиум.
Новинарот Жосеп Капдевиља во својот текст пишува и дека Олмо е една од клучните фигури во „Фуријата“ во моментов.
„Луис Енрике го повика во младата репрезентација, секогаш веруваше во него и сега стана стандарден член во А селекцијата. Тоа придонесе Барселона повторно да почне да го следи како потенцијално засилување“ – пишува Капдевиља кој смета дека со доаѓањето на Лапорта на чело на клубот, шансите за враќање на Олмо пораснаа.
„На Барса и треба играч како него, а згора на се сигурно тој нема да е прескап за клубот. Неговото враќање во Барселона ќе зависи од тоа колку фудбалери ќе го напуштат клубот на лето“ – вели тој.
Спорт
Влаховиќ добива тројно повисока плата за да остане во Фиренца

Напаѓачот на калчолигашот Фиорентина, српскиот голгетер Душан Влаховиќ го сврте вниманието на себе по натпреварите кои сезонава ги игра. За неговите услуги се заинтересирани Милан и Рома.
Шпицот на „виолетовите“ сезонава постигна 15 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања, а подели и две асистенции. Поголемиот дел од погодоците ги постигна од декември наваму, кога почна да добива поголема минутажа.
Иако 21-годишниот фудбалер има договор со Фиорентина до 2023 година, претседателот на клубот од Фиренца, Роко Комисо, има намера да му даде трипати повисока плата за да го задржи на „Артемио Франки“, но сака и да го ревидира договорот.
Актуелната плата на Србинот сега зема 400.000 евра (со бонуси) месечно, што во финансиска смисла големите клубови лесно би го поднеле.
Заинтересираност за Влаховиќ покажа и Борусија Дортмунд, пред сè ако Халанд си оди од „жолто-црните“ ова лето.
Проценките се дека Влаховиќ во моментов на фудбалскиот пазар вреди околу 40 милиони евра.
Спорт
АБА лигата ќе остане со еден претставник во Евролигата

АБА лигата и наредната сезона ќе има еден претставник во Евролигата.
Информацијата ја објави „Еурохопс“, со што е ставен крај на шпекулациите дека регионалната лига, може да остане без претставник или дека покрај шампионот во Евролигата ќе игра уште еден тим со специјална покана.
Ново во целиот случај е што шампионот секако ќе игра во Евролигата, без оглед на тоа дали ги исполнува условите што ги бара Евролигата.
АБА лигата, значи добива специјална покана, а за втората конкурираат Валанесија, Виртус Болоња или Зенит.
Најголеми шанси според прогнозите има Зенит.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш