Спорт
Тотенхем ќе го пушти Ериксен за помалку од 45 милиони евра

Фудбалскиот репрезентативец на Данска, Кристијан Ериксен одби да го продолжи договорот со Тотенхем и се поизвесно е дека уште во јануари ќе си замине од лондонскиот клуб.
На крајот на сезоната му истекува договорот со „петлите“, а информациите се дека добил покачување на платата, па сега добива 235.000 евра неделно.
По доаѓањето на Жозе Мурињо на „Вајт Харт Лејн“, наводно Данецот му порачал деке не сака да игра за оваа екипа во иднина и сака да ја продолжи кариерата во Шпанија или Италија.
Португалскиот стратег минатата недела изјави дека е подготвен да го смести Ериксен во тимот, без оглед дали на лето ќе си оди од клубот.
Летоска за Ериксен заинтересиран беше Манчестер Јунајтед, а првиот човек на „Спарси“, Даниел Леви нема да дозволи да го пушти Ериксен без сериозно обесштетување. Сепак, информациите е дека во јануари тој може да си оди и за понуда пониска од 45 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бетис за полувреме ја реши Џирона – Миовски повторно не играше

Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.
Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите. .
Веќе во шестата минута Џони Кардосо на додавање на Иско ја најави победата на тимот од Андалузија.
Во 39. минута Антони го удвои водството, а три минути подоцна Иско зголеми на 3:0.
Џирона во вториот дел успеа само да постигне утешен гол преку Кристијан Стуани во 86. минута.
Бетис, сега е на шестата позиција со 51 освоен бод, додека Џирона е на 16. место со 34 бодови и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата.
Спорт
(Видео) Форест ја продолжи мизеријата на Тотенхем – „Шумарите“ се чекор поблиску до ЛШ

Фудбалерите на Нотингем Форест славеа над Тотенхем во Лондон (2:1), во последниот натпревар од 33. коло на Премиер лигата.
Тимот на Нуно Еспирито Санто се врати на третото место кое го држи со 60 бодови и е во добра позиција во борбата за Лигата на шампионите. „Шумарите имаат бод повеќе од Њукасл, два од Манчестер сити и три од Челси и Астон Вила.
Тотенхем продолжи ужасните резултати оваа сезона, го забележа 18.пораз и се наоѓа на на 16. место со 37 бодови.
Форест во првите 16 минути постигна два гола кои на крајот беа довлни за тимот на Еспирито Санто да ја забележи 18. победа во сезоната.
Во петтата минута Елиот Андерсон го постигна првиот гол, а само 11 минути подоцна Крис Вуд да го совлада Викарио со глава и да ја удвои предноста.
Тој резултат долго време беше на сила, домашните се обидоа да ја намалат предноста, имаа неколку добри шанси во вториот дел, но само Ришарлисон постигна гол во 87. минута.
Интересно ова е четврти гол за Бразилецот во сезоната, сите четири натпревари Тотенхем ги загуби.
Форест во следното коло го чека Брентфорд, додека Тотенхем ќе му гостува на Ливерпул.
Спорт
Сензација во финалето – Го Ахед Иглс го освои холандскиот куп

Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар.
Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали.
Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка.
Трој Перо го доведе АЗ Алкмар во водство во 54. минута, а израмни Матс Дејл во деветтата минута од судиското надополнување.
Во продолженијата од два пати по 30 минути немаше голови, па започна пенал-рулетот каде резултатот беше 4:2 за „орлите“.
АЗ промаши два пенали, односно: Бурместер и Лахдо, додека кај новиот освојувач на трофејот прецизен беа четворицата кои шутираа.