Спорт
Тотенхем му даде пет гола на тимот кој има вкупна плата од 1.750 фунти неделно

Во еден од најчудните фудбалски мечеви во последно време, Тотенхем рутински стигна до 5:0 победа над Марин, малиот клуб од близината на Ливерпул, кој е дури седум ранга под лондонскиот гигант.
На стадионот „Росет парк“, каде што навивачите од околните куќи го следеа мечот од третото коло на ФА купот, меѓу кои имаше и навивач на Ливерпул со картонски Јирген Клоп како провокација, Жозе Мурињо покажа почит кон малиот клуб, поставувајќи релативно силен тим, за во финишот да го постави во игра дури и еднаш најскапиот фудбалер на светот, Герет Бејл на патот до лесна победа.
Фудбалерите на Марин, кои на прв поглед не беа во најдобра физичка подготовка, нормално не беа сериозна закана за Тотенхем, за кои пак, Бразилецот Карлос Винисиус, кој постигна три гола во првото полувреме. Лукас Моура додаде уште еден гол, како и 16-годишниот Алфи Девајн, во првиот настасп за тимот.
Како и да е, ова беше еден од најчудните мечеви, но и показател дека фудбалот не мора да се игра само за големи пари и на големи стадиони.
Столчето кое Мурињо го доби на гости на „Росет парк“ е фантастично
Вистинска битка на Давид и Голијат – осмолигашот Марин го пречекува Тотенхем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах пред Алкантара е најплатениот кај Ливерпул со 200.000 фунти неделно

Британските медиуми ги објавија сумите кои Ливерпул ги дава на плати на своите играчи, за што троши фантастични 10.4 милиони фунти годишно, и без изненадување на првото место е Мохамед Салах со 200.000 фунти неделно.
Новото засилување Тијаго е втор на листата со 192.308 фунти неделно, додека по него следуваат Роберто Фирмино и Виргил ван Дајк со плата од 180.000 фунти неделно. Над 100 илјади фунти заработуваат и капитенот Џордан Хендерсон (140.000), ветеранот Џејмс Милнер (140.000), Наби Кеита (120.000), Алекс Окслејд-Чембрлен (120.000), Садио Мане (100.000), Џоел Матип (100.000) и Фабињо (100.000).
Голманот Алисон Бекер е на 90.000 фунти, додека изнеандуваат платите на Енди Робертсон (50.000) и Трент Александер-Арнолд (40.000).
Спорт
Мициќ и Ефес издоминираа над Фенербахче

Благодарение на фантастичната партија на Василије Мициќ, Ефес доминираше во истанбулското дерби стигнувајќи до 106:74 победа над Фенербахче, прекинувајќи ја нивната серија од 10 победи во низа во Евролигата.
Мициќ постигна 32 поени од своите 37 (рекорд во кариерата) во првите три четвртини, со шест тројки и без промашување од линијата за слободни удари, за импресивна победа. Сертач Санли имаше 13 поени, за Ефес да дојде до 24:9 предност по деветте поени на Мициќ и осумте на Санли, и имаше 13 поени предност по првата четвртина.
Нандо де Коло имаше 24 поени, Јан Весели додае 18, но најголем проблем на тимот на Игор Кокошков беше одбраната.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Фенербахче – Анадолу Ефес 74:106 (11:24, 28:29, 19:28, 16:25)
Басконија – Црвена звезда 87:67 (21:16, 27:11, 18:21, 21:19)
Алба Берлин – Панатинаикос
Барселона – Асвел Лион
Спорт
Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
🦾😃👍#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер