Спорт
Тотенхем наскоро ќе го промовира Франк во нов тренер

Томас Франк ќе стане нов тренер на тимот на Тотенхем. Оваа информација ја потврди познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Данскиот стручњак на клупата на тимот од Лондон ќе дојде на местото Ангелос Постекоглу.
Тотенхем ќе му плати на Брентфорд десет милиони фунти за Франк.
Тимот од Лондон одигра една од најлошите сезони во Премиер лигата, но успеа да се извлече со трофејот во Лига Европа, каде што го победи Манчестер Јунајтед во големото финале.
И покрај тоа што го освои овој трофеј, Постекоглу доби отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн го контактирал менаџерот на Гуехи

Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена.
Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето без обесштетување ќе замине од клубот.
Германскиот инсајдер, новинар на „Билд“, Флоријан Плетенберг денес откри дека Баерн Минхен презема конкретни чекори и дека Баварците сериозно се заинтересирани за англискиот репрезентативец.
Тој тврди дека спортскиот директор Макс Еберл е голем обожавател на англискиот стопер и дека имал почетни разговори со неговите менаџери. Сепак, многу зависи и од епилогот со Упамекано, кој е исто така во последната година од договорот со Баерн и засега има превисоки барања.
Исто така, Флоријан Плетенберг додава дека Англичанецот е внимателно следен од шпанските гиганти – Реал Мадрид и Барселона, и дека Гвеј нема ништо потпишано со Ливерпул.
„Црвените“ сè уште чекаат, веруваат дека Гуехи на крајот ќе го одржи зборот и ќе потпише за Ливерпул како слободен агент.
Спорт
Канаваро нов селектор на Узбекистан

Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан.
Канаваро потпиша договор со ФС Узбекистан во Ташкент, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Италијанскиот стручњак го замени Тимур Кападзе на функцијата селектор на Узбекистан.
Во тренерскиот штаб на Канаваро ќе бидат Еугенио Албарела, Франческо Троазе и Антонио Кименти.
Во јуни, фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство за прв пат во историјата.
Канаваро претходно ги тренираше Динамо Загреб, Удинезе, Беневенто, Гуангжу, Тјанџин, Ал Наср и кинеската репрезентација.
Спорт
Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки.
На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши подетални прегледи.
Прегледите во главниот град на Шпанија, покажале дека има фрактура во основата на коракоидниот процес на клучната коска и повреда на лигаментот на рамото. Инаку, новата фрактура нема никаква врска со претходните повреди што ги имаше Шпанецот.
Лекарите кои се грижат за состојбата на Маркез се одлучија за конзервативен пристап кон закрепнувањето, што вклучува одмор и мобилизација на повреденото рамо додека повредата не заздрави, што значи дека новиот шампион сигурно нема да вози во Австралија и Малезија.
Во отсуство на Маркез, се очекува во следните две трки да вози тест-возачот на италијанскиот тим, Микеле Пиро.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“ од 17 до 19 октомври.