Спорт
„Тотенхем заслужи да победи, фудбалот понекогаш не е фер“

Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на УЕФА. Во драматичен натпревар, ПСЖ ја стигна предноста на Тотенхем од 0:2 со головите на Ли во 85. и Рамош во 94.минута, а потоа во пенал серијата дојде до пехарот.Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по натпреварот изјави:
„Дали мислите дека заслуживме? Мислам дека Тотенхем заслужи да победи. Не ја заслуживме победата во првите осумдесет минути. Мислам дека Тотенхем заслужи да победи затоа што се чувствуваше како да се во форма и дека се во тренинг веќе шест недели. Одиграа одличен натпревар. Ние тренираме само шест дена, морам да кажам дека имавме голема среќа. Моите играчи веруваа до последната минута.
Понекогаш фудбалот е нефер и морам да кажам дека во последните десет минути имавме голема среќа што постигнавме два гола. Морам да кажам дека моите играчи, како и нашите навивачи, веруваа до последната минута, но фудбалот е непредвидлив и во таа смисла морам да кажам дека имавме голема среќа.“
Foto/ EPA/CJ GUNTHER
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“