Спорт
Трагедија го одложи натпреварот Барселона-Осасуна

Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се одигра вечерва од 21 часот ќе се одигра во некој друг термин. Натпреварот беше одложен на само половина час пред закажаниот почеток.
Според шпанските медиуми, натпреварот ќе биде одложен поради смртта на еден член на првиот тим на Барселона, бидејќи фудбалерите на каталонскиот клуб изјавија дека не можат да излезат на терен вечерва.
Како што потврдија од клубот, неколку часа пред натпреварот во хотелот каде што престојувал тимот на Барселона, починал главниот лекар Карлес Минаро Гарсија.
🚨 BREAKING: A member of the Barcelona medical staff has passed away a few hours ago.
He was in the team hotel. All the players and staff are in a state of great shock.
[@DAZN_ES] pic.twitter.com/kcJW8Za1HQ
— Managing Barça (@ManagingBarca) March 8, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал.
Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки.
Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд Трафорд“ на краток рок токму поради несогласување со тренерот Рубен Аморим.
На прашањето дали би сакал да игра со Јамал, Рашфорд рече дека е задоволство да игра со најимпресивните фудбалери.
„Да, секако. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… ќе видиме.“
Јамал, имаше огромно влијание во освојувањето на двојната круна од страна на Барселона во Шпанија и пласманот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој исто така се истакна во дресот на Шпанија на Европското првенство во 2024 година, каде што „црвената фурија“ ја освои титулата.
Во април се појави информација дека Рашфорд верува дека нема да игра за Манчестер јунајтед додека Рубен Аморим е тренер на тимот. Португалецот го отстрани од тимот уште во декември, по што Рашфорд го помина остатокот од сезоната на позајмица во Астон Вила.
Спорт
Антони одбил трансфер во Комо

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, ја одбил можноста да се пресели во Комо.
Антони, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Бетис. Успеа да се врати во форма по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, му помогна на Бетис да дојде до шестото место во Примера и да игра финале во Конференциската лига.
Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Антони сака да се врати во Бетис. И шпанскиот клуб има желба да го ангажира Антони, но нема пари да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед.
Планот на Бетис е да издејствува уште една позајмица, а договорот да го откупи по завршувањето на сезоната 2025/206.
Спорт
Дефанзивец на Наполи пред трансфер во Виљареал

Виљареал е уверен дека наскоро ќе го договори трансферот на дефанзивецот Рафа Марин. „Жолтата подморница“, која заврши на петтото место во Ла Лига оваа сезона и обезбеди место во Лигата на шампионите, долго време покажува интерес за шпанскиот централен бек, објавува „Туто Меркато“.
Клубот моментално е во преговори со Наполи, кој се обидува да ги врати 12-те милиони евра што ги потроши за играчот минатата година.
И покрај тоа што Наполи ја освои титулата во лигата, сезоната на Марин беше под очекувањата, бидејќи Антонио Конте не му даде речиси никаква шанса. Тој одигра вкупно само 139 минути во четири натпревари од Серија А.
Според Фабрицио Романо, Виљареал очекува трансферот да биде завршен следната недела. Планираниот договор вклучува позајмица од 1 милион евра со опција за откуп за 15 милиони евра и 10 проценти од наредната продажба.