Спорт
Трансфер на Јувентус под истрага на Советот за безбедност на ОН
Хан Кванг-сон на 2 јануари оваа година потпиша договор со Јувентус, а шест дена подоцна „страта дама“ за 5.000.000 евра фудбалерот од Северна Кореја го продаде во Катар, во екипата на Ал-Духаил.
Иако станува збор за фудбалер непознат за пошироката јавност, овој трансфер се наоѓа под истрага на Советот за безбедност на Обединетите нации. Трансферот во Катар претставува кршење на економските санкции кои под кои се наоѓа Северна Кореја.
Италијанските медиуми пишуваат дека Кванг-сон требало да биде вратен во Северна Кореја во декември 2019 година бидејќи на државјаните на оваа земја им е забрането да заработуваат во странство од причина што режимот на Ким Јонг-ун им зема дел од парите.
Обединетите нации ги известиле Јувентус и Ал-Духаил за санкциите, но клубовите го игнорирале ова предупредување.
Се проценува дека околу 200.000 работници од Северна Кореја работат во странство,а нивната заработувачка претставува главен извор на странска валута во оваа изолирана држава.
Поради санкциите Фиорентина, во минатото, мораше да се откаже од трансферот на Чое Сонг-хвок. Во случај интервенираше дури и италијанската влада.
Кванг-сон за Ал-Духаил одиграл девет натпревари, постигнал три гола. овој фудбалер никогаш не заиграл за Јувентус, одиграл 20 натпревари за Б-тимот на „страта дама“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

