Спорт
Траоре го мачкале со масло за бебиња за да не го фатат дефанзивците
 
																								
												
												
											Иако претходно се шпекулира дека ѕвездата на Вулверхемптон, Адама Траоре, се мачка со масло за бебиња за да закрепнува побргу од повредите, од клубот потврдија дека мачкањето пред дуелот од Лига Европа со Олимпијакос било за тој да може да им избега на дефанзивците.
24-годишниот поранешен фудбалер на младинската школа на Барселона блесна оваа сезона и за него има интерес од клубови како Манчестер јунајтед и Јувентус. Физиотерапевтот на Вулфс за „Сан“ открива дека главната причина за овој необичен третман е да се спречи дефанзивците да го грабаат за рацете, особено бидејќи тој има повреда на рамото, кое го дислоцира во декември и кое четирипати му излегувало од зглобот.

„Тоа е нешто што го правиме за да го заштитиме Адама. Дефанзивците се плашат од дуели со него поради неговата брзина и тие му ја влечат раката. Ова предизвикува проблеми за рамото и вака потешко може да го фатат“, вели физиотерапевтот за „Сан“.
Вулверхемптон победи со 1:0, со што се пласира во четврт-финалето на Лига Европа, каде што гио чека Севилја, која ја елиминира Рома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Спорт
Официјално – Лучано Спалети го презеде Јувентус
 
														Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус.
Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места.
Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија од осум натпревари без победа.
Спалети го постигна својот најголем успех како тренер на Наполи кога го освои Скудетото во 2023 година. Со Рома освои два италијански купа и еден италијански Суперкуп, а трофеи освои само со Зенит, со кого беше двократен шампион на Русија и еднаш го освои Купот и Ссуперкупот на таа земја.
Тој беше селектор на Италија од 1 септември 2023 година до 9 јуни 2025 година и беше елиминиран во осминафиналето на ЕУРО 2024.
Спорт
Талески си заминал од Вардар 1961
 
														Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Талески, си замина од Вардар 1961.
Левиот бек, минатото лето се врати во Вардар 1961, но овој пат неговиот престој заврши по само неколку месеци.
Талески побарал од клубот договорот спогодбено да му биде раскинат и веќе се поздравил со соиграчите. Не бил задоволен од минутажата и улогата што ја има во тимот. 
Левиот бек имал намера да остане во Македонија, но не успеал да се договорои со ГРК Охрид. Сега опција за Талески е преселба во Кувајт.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
На Никола Топиќ му е дијагностициран рак
 
														Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија.
Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер.
Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар.
На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер го продолжи договорот со српскиот кошаркар.
Прести потврди дека интервенцијата е извршена во Хјустон.
„Онколозите се многу позитивни во врска со неговата ситуација“, рече Прести.
Прести рече дека ракот на тестисите е најлечивиот облик на рак кај мажите, но за Топиќ е препорачана хемотерапија.
„Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не ги започна третманите, што и го направи. Тој е тука, тренира, вежба, во текот на целиот овој процес“, додаде Прести.
Во моментов, не е познато кога Топиќ би можел да се врати на теренот, а тимот го става на прво место неговото здравје.
Засега, третманот ќе трае четири до шест недели.
„Топиќ е навистина извонреден млад човек. Мислам дека сите го знаат тоа. Тој е зрел, смирен, издржлив. Има сè што е потребно за некој што се справува со ваква ситуација и ќе ја надмине“, додаде Прести.
Да ве потсетиме дека Топиќ беше драфтуван како 12-ти пик во 2024 година, но ја пропушти целата сезона поради повреда на коленото.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											