Спорт
Трекхаус рејсинг ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот
Американскиот тим Трекхаус рејсинг, од следната сезона, ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Трекхаус рејсинг, го презеде тимот РНФ кој веќе не постои. Американскиот тим ќе се натпреварува како сателитска екипа на Априлија.
По завршувањето на сезоната, компанијата Дорна спортс објави дека РНФ остана без место во шампионатот, поради бројните прекршувања на договорот, што влијаеше на имиџот на Мото ГП во јавноста. Ова беше особено поврзано со фактот што главниот спонзор на тимот и мнозински акционер Криптодата не го плати спонзорството на Австриското ГП, како и поради бројни други долгови.
Трекхаус рејсинг е тим во сопственост на автомобилистот Џастин Маркс и музичарот Питбул Тимот досега се натпреваруваше во Наскар и успеа да забележи пет победи.
Американскиот тим сигурно ќе има посилна врска со Априлија отколку што беше случајот со малезискиот тим, бидејќи има големи шанси некој од возачите да добие фабричка верзија на мотоциклот.
Возачи на Трекхаус рејсинг ќе бидат Мигел Оливеира и Раул Фернандес кои имаат договори со Априлија.
Следната сезона Мото ГП шампионатот започнува на 10 март со Големата награда на Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенец на центарот во финалето на Лигата на шампионите
УЕФА го одреди судијата за финалето на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде Славко Винчиќ.
Словенецот долго време е судија од елитната група, а ова несомнено ќе биде најголемиот меч во неговата кариера.
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Вембли“.
🚨 OFFICIAL: Slavko Vinčić will referee the Champions League final! pic.twitter.com/EvAZNyGef3
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 13, 2024
Винчиќ оваа сезона им судеше на тимот на Един Терзиќ во Лигата на шампионите, во реваншот од четвртфиналето против Атлетико Мадрид.
Словенецот оваа сезона судеше на пет натпревари во Лигата на шампионите.
Натпреварот по кој ќе дознаеме кој ќе биде новиот шампион на Европа е закажан за 1 јуни.
Спорт
„Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата“
Марк Печи, поранешен британски тенисер и поранешен тренер на Енди Мареј, зборуваше за Новак Ѓоковиќ и можноста тој да се пензионира по Олимпијадата во Париз оваа година.
Ѓоковиќ не е во добра форма од почетокот на сезоната, има две полуфиналиња и два порази во трето коло на мастерсите, па многумина зборуваат за можноста наскоро да се пензионира.
Марк Печи го спореди со Пит Сампрас и најави дека очекува Ѓоковиќ да се пензионира по Олимпијадата во Париз.
Anyone else getting a Paris Olympics massive push for the one thing Novak doesn’t have and then Au Revoir to tennis?
Starting to get Sampras 2002 vibes.
Still have him in the favourite category for RG and Wimbledon but to be this great for so long takes incredible sacrifice.
— Mark Petchey (@_markpetchey) May 12, 2024
„Дали некој сè уште верува дека Новак ќе има голем обид на Олимписките игри за тој еден трофеј што го нема и потоа ќе се збогува со тенисот? Тој почнува да ги има оние вибрации на Пит Сампрас од 2002 година. Тој сè уште е меѓу фаворитите за Ролан Гарос и Вимблдон, но за да биде толку голем толку долго бара невидена жртва“, напиша Марк Печи.
Британецот потсети на деновите кога Сампрас се обидуваше да остане на врвот по освојувањето на 13. Грен слем во 2000 година на Вимблдон. Американецот се пензионираше две години подоцна, откако го освои 14. Грен слем трофеј на УС Опен. После тоа, тој не играше 12 месеци, за да го потврди своето пензионирање во летото 2003 година, пред турнирот во Њујорк.
Ѓоковиќ моментално има 24 Грен слем трофеи, но го нема олимпиското злато кое долго и многу го посакува.
Спорт
Евролигата ги објави најдобрите петорки за сезоната 2023/2024
Кошаркарската Евролига ја објави првата и втората петорка за сезоната 2023/24.
Во гласањето учествуваа навивачи, новинари, тренери и капитени на тимовите. Во првата и втората петорка немаше место за најдобриот стрелец Маркус Хауард (Баскониј) и најдобриот дефанзивец Томас Вокап (Олимпијакос).
Двајца од Панатинаикос и по еден играч на Реал, Монако и Фенербахче се во најдобрата петорка: Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос).
💫𝗧𝗵𝗲 𝟮𝟬𝟮𝟯-𝟮𝟰 𝗔𝗹𝗹-𝗘𝘂𝗿𝗼𝗟𝗲𝗮𝗴𝘂𝗲 𝗙𝗶𝗿𝘀𝘁 𝗧𝗲𝗮𝗺💫
🔸Facundo Campazzo
🔸Mike James
🔸Kendrick Nunn
🔸Nigel Hayes-Davis
🔸Mathias Lessort pic.twitter.com/Mx8h5cISyr— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 13, 2024
Во втората најдобра петорка има по двајца играчи на Макаби и Реал и еден на Панатинаикос: Костас Слукас, Марио Хезоња, Валтер Тавареш, Вејд Болдвин и Лоренцо Браун.
𝗧𝗵𝗲 𝟮𝟬𝟮𝟯-𝟮𝟰 𝗔𝗹𝗹-𝗘𝘂𝗿𝗼𝗟𝗲𝗮𝗴𝘂𝗲 𝗦𝗲𝗰𝗼𝗻𝗱 𝗧𝗲𝗮𝗺
🔹Kostas Sloukas
🔹Mario Hezonja
🔹Walter Tavares
🔹Wade Baldwin IV
🔹Lorenzo Brown pic.twitter.com/Zsa2ragllH— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 13, 2024
За потсетување, овогодинешниот фајналфор ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин.
Полуфиналните двојки се Панатинаикос – Фенербахче, односно Реал – Олимпијакос.