Контакт

Спорт

Тренерот на Динамо Загреб заразен од коронавирус

Објавено пред

Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, е позитивен на коронавирусот, објавија денеска од хрватскиот клуб. Соопштија дека еден од фудбалерите е заразен од вирусот, како и двајца од стручниот штаб, меѓу кои е и Мамиќ.

„Динамо ја известува јавноста дека тестирањата на Ковид-19 покажаа позитивен еден играч од првиот тим и двајца членови на стручниот штаб, меѓу кои е и главниот тренер Зоран Мамиќ. Наведените почувствувале благи симптоми по враќањето од Русија и упатени се на тестирање, кое за нив се покажа позитивно“, стои во соопштението од клубот.

Актуелниот шампион на Хрватска задутре игра против австриски Волфсбергер во рамките на Лига Европа, а Мамиќ нема да биде на клупата на овој меч.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Наполи против Рома со специјални дресови во чест на Марадона

Објавено пред

Калчолигашот Наполи реши уште еднаш да му оддаде почест на Диего Марадона кој почина пред неколку дена.
Екипата предводена од Џенаро Гатузо вечерва во дербито на „Сан Паоло“ против Рома ќе истрча со специјално дизајнирани дресови, инспириради токму од Марадона.

Тоа ќе е четврта гарнитура дресови за наполитанците, осмислена пред една година, како начин клубот од Неапол да му се заблагодари на Аргентинецот за сите успеси.

„Пред една година во соработка со техничкиот спонзор дојдовме до идеја да дизајнираме дрес посветен на Марадона, на неговата сакана Аргентин и неговата поврзаност со граѓаните на Неапол. Се надевавме дека Диего ќе го види дресот, дека ќе го облече. Договорот беше да биде промовиран во 9. коло против Рома. Сега дресот ќе има уште поголемо значење“ се вели во клупското соопштение.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тајсон: Ова е подобро отколку борба за појас, ние сме сега хуманитарци

Објавено пред

Егзибицискиот меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор рано утринава заврши нерешено. По мечот, кој имаше хуманитарен карактер, двајцата изгледаа добро и беа насмеани.

„Ова е подобро отколку борба за шампионски појас. Ние сме сега хуманитарци. Можеме да направиме нешто за светот. Мора ова да го повториме“ рече Тајсон.

„Челичниот“ кој сега има 54 години се врати во рингот по пауза од 15 години, но во неколку наврати му зададе на Џонс силни удари, како во најдобрите денови.

„Ударите во тело дефинитивно си го направија своето. Задоволен сум со ремито. Можеби и ќе можеме ова да го повториме“ рече Џонс.

И Тајсон имаше што да додаде на ова:

„Те погодив со неколку добри удари и ги издржа. Го почитувам тоа“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мареј: Надал е ментално посилен од Ѓоковиќ!

Објавено пред

Се уште се водат полемики за тоа кој од најдобрите светски тенисери е ментално најсилен. Британецот Енди Мареј смета дека Рафаел Надал е во предност во однос на Новак Ѓоковиќ.

„Токму за тоа разговарав со Новак кога двајцата имавме `лајв` на Инстаграм. Му реков тогаш дека имаше периоди во неговата кариера кога тој бил ментално посилен од Рафа“ рече Мареј.

Сепак, кога се ќе се земе во предвид, Шкотланѓанецот тврди дека Шпанецот има поголема ментална сила од Србинот.

„Ако ја гледаме кариерата како целина, секој меч на секој турнир е кариера. Минатата недела зборувавме за тоа каква е менталната состојба на Новак во целина, како се чувствува. За тоа никогаш не сме загрижени кога е Надал во прашање, никогаш не мислам дека нему ќе му биде проблем мотивацијата или менталниот аспект на играта. Затоа сметам дека Рафа е ментално посилен играч“ додаде Мареј.

Едно е сигурно, овие зборови нема многу да им се допаднат на навивачите на српскиот ас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија3 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија4 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение за билатералните прашања

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет4 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион5 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа6 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа6 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт7 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија16 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет17 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија18 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија19 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион19 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа20 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион22 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија23 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт1 ден

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа1 ден

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Досие