Спорт
Тренерот на Хјустон откри која е клучната разлика меѓу Јокиќ и Шенгун
Тренерот на Хјустон, Име Удока, зборуваше за честите споредби помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун. Подуелот на двата тима во Тексас, кој заврши со победа на Денвер (112:109), рече дека се согласува со споредбите, дека меѓу двата центри постојат многу допирни точки, но и дека има една клупна разлика.
Удока рече дека Шенгун и Јокиќ делат голем број карактеристики кои се ретки кај високите играчи: елитна способност за додавање, изолациска игра и изразена дарба за со грб да нападнат кон кошот.
„Тие прават многу исти работи и затоа целосно ги разбирам споредбите“, истакна тренерот.
Сепак, тој додаде дека искуството на Јокиќ е фактор што оди во корист на српскиот центар.
„Јокиќ игра на МВП ниво поеќе од пет години, го мина шампионскиот пат и сè што оди со него. Тоа е огромно искуство што му користи“, рече Удока. Од друга страна, тој нагласи дека Шенгун има физички предности:
„Алпи е малку подобар аткета, но тоа е тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Палас, Роџерс блескаше против Вест Хем, Форест го декласира Тотенхем, „Црните мачки“ го добија локалното дерби
Четири натпревари од 16-то коло од Премиер лигата беа одиграни во истиот термин од 15 часот. Сити убедливо го доби малото дерби на „Селхерст Парк“ во Лондон благодарение на новиот гол на Ерлинг Холанд, висока победа забележа Форест против Тотенхем, „Црните мачки“ славеа во локалното дерби против Њукасл со автогол од најдобриот стрелец на гостите, а Вила направи голем пресврт во Лондон против Вест Хем.
Фудбалерите на Пеп Гвардиола не блескаа, но во мечот со Кристал Палас влегоа полни со самодоверба, по триумфот над Реал во Мадрид. Со овој триумф Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал.
Сити имаше предност по првиот дел со голот на Халанд, во вториот Фоден ја зголеми предноста во 69-та минута, а точка на натпреварот стави Халанд од пенал во претпоследната минута.
Сандерленд, продолжи со добрите изданија оваа сеозна. Повратникот во Премиер лигата, го доби локалното дерби против Њукасл со 1:0. Интересно едниствениот гол го постигна напаѓачот на Њукасл, Волтемаде, кога во 46-та минута ја погоди сопствената мрежа.
Нотингем Форест, без поголеми проблеми славеше со 3:0 над Тотенхем. Во победата на „шумарите“, два гола постигна Хадсон-Одои (28, 50-та минута) и Сангаре во 79-та минута.
Највозбудливиот меч го одиграа Вест Хем и Астон Вила. Славеа гостите, со пресврт во второто полувреме, благодарение на Морган Роџерс. Вила ја продолжи победничката серија, на табелата се наоѓа на теретото место со само три поени помалку од водечкиот Арсенал.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Елмас и Наполи паднаа во Удине, Верона ја продолжи агонијата на Фиорентина
Актуелниот шампион Наполи доживеа болен пораз во Удине и ја пропушти можноста да искачи на челната позиција во Серија А.
Наполи загуби со 1:0 од Удинезе, а херој на црно-белиот тим е Холанѓанецот Екеленкамп, кој го постигна решавачкиот гол во 73-та минута. Домаќините имаа поништен гол во 52-тата минута кога Дејвис беше во офсајд. Наполи беше во подредена позиција на овој натпревар, што го покажува фактот дека немаа ниту еден удар во рамките на голот.
Македпнскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот до 83-та минута.
Во вториот натпревар од попладневната програма, продолжи агонијата на Фиорентина. Тимот од Фиренца сè уште е без победа, а овој пат не успеа да освои ниту бод против Верона. Натпреварот заврши со резултат 1:2.
Гостите поведоа во 42-та минута преку Нигериецот Орбан, а Нуњез израмни со автогол во 69-та минута. Фиорентина се обидуваше да ги освои сите три бода, а потоа следеше шок.
Орбан повторно ја погоди мрежата на Фиорентина во третата минута од судиското продолжение и ѝ донесе на Верона три бода.
Фиорентина по 14 натпревари се уште нема победа, има шест бода и се наоѓа на последното место на табелата.
Спорт
Реал Сосиедад го отпушти тренерот Франциско
Реал Сосиедад во неделата објави дека го отпуштил тренерот на тимот, Серхио Франциско.
Разделбата следеше по серија лоши резултати од почетокот на сезоната и само 16 освоени бода од тимот во 16 натпревари.
Последната капка за незадоволството на раководството на Баскијците беше поразот од Џирона дома (1:2), трет по ред во првенството.
Сосидад има само два бода повеќе од првиот тим „под линијата“.
Тимот ќе го предводи тренерот на резервниот тим, Јон Ансотеги, сигурно во следните два натпревари, против Елденсе во Купот и Леванте во првенството.
Франциско е третиот тренер кој е отпуштен од почетокот на сезоната во Ла Лига, по Јулијан Калер (Леванта) и Вељко Пауновиќ (Овиедо).
Foto/ EPA

