Спорт
Трент проговори за новиот договор со Ливерпул
Трент Александер-Арнолд пред дуелот со Фулам даде интересно интервју за „Скај Спорт“.
Се разговараше на различни теми, Трент повторно изрази бројни пофалби за новиот тренер и тоа што секојдневно се насмевнува поради начинот и длабочината со која Арне Слот го набљудува фудбалот.
Зборуваа и за досегашната сезона, размислувањата на играчите пред заминувањето на Јирген Клоп, предизвиците…
Но и за она што најмногу ги интересира навивачите на Ливерпул, преговорите за новиот договор.
„Во клубот сум 20 години. Досега четири или пет го продолжував договорот. Ниту еден од тие договори не е објавен во јавноста“, рече Трент.
И додаде што може да укаже во која наскока размилслува.
„Нема да биде ни овај“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гулит: На американските газди важни им се парите, не го разбираат фудбалот
Легендарниот Руд Гулит остро ги критикуваше американските сопственици на фудбалски клубови во Европа. Славниот Холанѓанец посебно се осврна на сопственикот на Милан, Гери Карневале, со оглед на тоа што се прослави како играч во италијанскиот великан.
Гулит играше за Милан во најславната ера на клубот, кога со клубот раководеа Силвио Берлускони и Адријано Галијано.
„Берлускони беше еден од најдобрите претседатели што можам да ги замислам. Доаѓаше на тренинг секоја недела, разговараше со нас и беше навистина харизматичен. Тој заврши одлична работа. Мило ми е што имав шеф како него. Истата харизма ја има и актуелниот претседател на Реал Мадрид (Флорентино Перез). Важно е да се има водечка фигура која вистински го сака клубот, личност која точно знае што треба да се направи за да се пренесе таа страст во тимот. Ова им е заедничко на двајцата“, рече Гулит.
Сопственикот на Милан Гери Карневале неодамна изјави дека е бизнисмен и дека заработувањето пари е негова главна цел, а не освојување трофеи. Познатиот клуб овој месец го прослави својот 125 роденден, а на прославата присуствуваа бројни клупски легенди, но не и сопственикот на клубот кој живее во Америка, што ги налути навивачите.
„Денес, клубовите често се во сопственост на Американци кои купуваат клубови за да заработат пари, а не поради нивната историја. Понекогаш работите стануваат многу потешки. Не е случајно што меѓу најсилните постои таква личност што го сака клубот, но ја знае и неговата историја“, изјави Гулит.
Спорт
Хил: Шумахер правеше да се чувствував бескорисно и неталентирано
Дејмон Хил е еден од најпознатите Формула 1 возачи во историјата. Во интервју за „Билд“, Хил зборуваше за ривалството со Михаел Шумахер. Особено незаборавно беше Австралиското ГП во 1994 година, кога Хил и Шумахер се судрија и двајцата останаа без бодови. Тоа му одеше во корист на Германецот, кој на тој начин ја обезбеди титулата.
„Јас и Михаел одлично се согласувавме, но на патеката се мразевме“, започна Хил.
„Со било каков друг вид на размислување, невозможно е да се стане светски шампион. Нема простор за добрина. Мора да ја искористите секоја слабост на другиот возач. Михаел беше мајстор на тие психолошки игри. Тој често правеше да се чувствувам бескорисно и неталентирано“.
Сепак, на крајот имаше неколку убави зборови за својот стар ривал.
„Беше исклучително конкурентен, но надвор од патеката беше многу топла личност“.
Шумахер во кариерата освои дури седум светски титули, што и денес останува рекорд. Неговиот рекорд го израмни Луис Хамилтон. Хил во кариерата освои една титула светски шампион, онаа од 1996 година во болидот на Вилијамс.
Спорт
Барселона не може да го регистрира Дани Олмо
Барселона сеоак не успеа да го пријави Дани Олмо (26) за вториот дел од сезоната. Според „Мундо Депортиво“, Каталонците сега претрпеа нов удар бидејќи Стопанскиот суд во Барселона соопшти дека не ја одобрил регистрацијата на поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и Лајпциг.
Барселона ќе се обиде повторно во понеделник, кога ќе поднесе нова тужба против Ла Лига до првостепениот суд, во обид да му овозможи на Олмо да биде регистриран за вториот дел од сезоната.
Тие ќе тврдат дека сите правила за регистрација се неважечки бидејќи се регулирани од Комисијата за делегати во Ла Лига, тело кое Барселона не го смета за надлежно. Иако Барселона се уште верува дека ќе успее да го ангажира Олмо, времето истекува и доколку не го сторат тоа до крајот на годината, фудбалерот би можел да го напушти клубот по неполни шест месеци.
Да потсетиме, Олмо во август пристигна во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, тој се врати во клубот каде што беше капитен во младинските категории пред да се пресели во Динамо Загреб.
Барселона првично успеа да го ангажира Олмо за првиот дел од сезоната искористувајќи го фактот дека Андреас Кристенсен се повреди, но Данецот сега е здрав и мора да се регулира договорната ситуација на Олмо.