Контакт

Спорт

Три големи клуба заинтересирани за Ливаковиќ

Објавено пред

Доминик Ливаковиќ одигра светско првенство за паметење. Освен што го освои бронзениот медал, тој беше и еден од најдобрите голмани на турнирот.

dobivaj vesti na viber

Во текот на мундијалот почнаа шпекулациите дека голманот ќе го напушти Динамо Загреб во зимскиот преоден рок. „Тутомеркато“ тврди дека три клуба се заинтересирани за неговите услуги: Баерн, Реал Мадрид и Јувентус.

Италијанците наведуваат дека Баерн и Реал се пред Јувентус, но дека италијанскиот клуб е веднаш зад нив. Имено, тимот од Торино сака да се обезбеди во иднина бидејќи полскиот голман Војчех Шчесни набргу ќе го напушти клубот. Цената на Ливаковиќ, според „Трансфермаркт“, е 8.500.000 евра, но по мундијалот, таа е многу повисока. Според хрватските медиуми, Динамо за него ќе бара најмалку 15.000.000 евра.

Ливаковиќ не беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, но неговата статистика е импресивна. Тој собра вкупно 25 одбрани, а аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој беше прогласен за најдобар, собра седум. Ливаковиќ особено се истакна во пенал-сериите против Јапонија и Бразил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Диого Коста португалски херој, ја елиминира Словенија

Објавено пред

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше мотивиран да постигне гол од самиот старт на натпреварот, но одбраната на Словенија одлично се снајде. На крајот од судиското продолжение Кристијано Роналдо имаше шанса да и донесе водство на Португалија од пенал, но не успеа.

dobivaj vesti na viber

Драма, следуваше пенал завршница.

Искуството си го направи своето, Португалија оди понатаму.

Тие  ја совладаа Словенија на пенали и со тоа се пласираа во четврт-финалето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителни половина час игра.

Во четврт-финалето Португалија ќе игра против Франција која со 1:0 ја победи Белгија.

Португалскиот голман Диого Коста, кој ги одбрани сите три удари на Словенците е херој на мечот.

Од почетокот на играта Словенците беа поставени во карактеристична формација 4-4-2. Кристијано Роналдо имаше многу проблеми, неговиот најдобар напор во првото полувреме беше неговиот слободен удар во 34. минута.

Тој шутираше од околу 20 метри, а топката отиде само над стативата.

Португалија најблиску дојде до гол во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, кога Палиња силно повлече од работ на шеснаесетникот.

Топката мина покрај десната статива од голот на Облак.

Во првото полувреме Словенците напаѓаа само неколку пати, но не успеаја да создадат голема шанса.

 

 

 

 

 

 

 

Португалија ја мина групната фаза како првопласирана во групата Ф пред Турција, Грузија и Чешка.

Словенија беше трета во групата Ц пред Србија и зад Данска и Англија.

 

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката

Објавено пред

Клеј Томпсон (34) наскоро ќе стане нов играч на Далас Маверикс, каде ќе создаде нов супер тим со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

dobivaj vesti na viber

Веста сè уште не е официјална, но врвниот НБА инсајдер Адријан Војнаровски објави дека зделката е завршена.

Томпсон треба да потпише договор на три години, за вкупно 50 милиони долари, за тимот кој минатата сезона играше во финалето на НБА.

Голден Стејт Вориорс не сакаа да му понудат на Клеј Томпсон повеќе од 20 милиони годишно поради хаотичната ситуација со преголемите договори, кои тој ги сметаше за навредливи и реши да бара нов клуб.

Така и официјално заврши ерата на династиите на браќата Сплеш, беше разбиен најдобриот шутерски тандем на сите времиња.

Томпсон е четирикратен шампион во НБА со Вориорс. Пет пати беше на Ол-стар натпреварот, двапати беше избран за трет најдобар тим во лигата и еднаш за најдобар одбранбен тим.

Минатата сезона, по големите проблеми со повредите, тој имаше просек од 18 поени, 3,3 скока и 2,3 асистенции

Прикажи повеќе...

Спорт

Специјален гостин на тренингот на Српската кошаркарска репрезентација

Објавено пред

Кошаркарскиот великан Владе Дивац беше специјален гостин на затворениот тренинг на кошаркарската репрезентација на Србија на подготовките во Стара Пазова соседна Србија.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарската репрезентација на Србија е во почетна фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз 2024.

Како што се наведува во соопштението на КСС, Дивац на кошаркарите им посакал добро здравје како предуслов за успех.

„Анегдотата што Владе ја раскажа за тренингот со тренерот Пешиќ ќе остане меѓу ѕидовите на тренинг салата“?!

Дивац го освои светското злато со тренерот Пешиќ во 2002 година во Индијанаполис.

Што се однесува до Олимписките игри, тој освои сребро во Сеул во 1988 година и во Атланта во 1996 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани направи гаф кога наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...

Регион21 минута

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија19 часа

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија21 час

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија21 час

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија22 часа

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија22 часа

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ22 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија24 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија1 ден

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија1 ден

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт1 ден

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија1 ден

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија2 дена

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија2 дена

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија2 дена

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...