Спорт
Три клуба се подоготвени да платат 200 милиони евра за Винисиус Жуниор
Винисиус Жуниор би можел да го напушти Реал Мадрид и шпанското првенство на крајот од сезоната. Бразилецот константно е навредуван од навивачите ширум Шпанија, што според шпанските медуми може да влија е на неговата одлука да замине од Ла Лига.
Комбинациите во кои би можел да го направи тоа се ограничени на три клуба, кои се подготвени да платат 200 милиони евра. Клубовите кои наводно се подготвени да платат толку многу за него се Пари Сен Жермен, Ливерпул и Челзи.
Напаѓачот на Реал не сака да го напушти клубот, верува дека тоа би било победа на расизмот, но постои можност да го стори тоа поради евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе. Иако шпанските медиуми не се согласуваат околу тоа, се споменува како можност околу која заинтересираните клубови ги прават своите планови за следната сезона.
На 28 натпревари оваа сезона, Винисиус постигна 18 голови и забележа осум асистенции. Тој е под договор со Реал до летото 2027 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.
Спорт
Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград
Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28)
.
Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата.
32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени троки од 22 обиди.
Домашните „лета“ по теренот 32 минути кога стекнаа предност од 28 поени. Тука застанаа, Панатинаикос го искористи тоа со серија тројки се доближи на негатива од 13 поени, но поблиску од тоа не можеа.
До победата Црвена звезда ја предводеа Мекинтаер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, Монеке забележа 14 поени и 8 скока, Добриќ 10 поени. Кај Панатинаикос се истакнаа Слукас со 16 поени (10 од нив во последната четвртина) и Осман со 14.
Главниот играч на Панатинаикос, Кендик Нан одигра скандалозен меч, постигна шест поени имаше и нереални седум изгубени топки. Кога го напушти теренот поради петтиот фаул, публиката иронично му скандираше „MВП, MВП“ алудирајќи на наградата за минатата сезона.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.

