Спорт
Три месеци по несреќата, Серхио Рико излегува од болница

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, три месеци по страшната несреќа кога падна од коњ и за малку ќе го загубеше животот, се чувствува многу подобро и треба да биде отпуштен од клиниката во Севилја на домашно лекување.
Шпанецот беше хоспитализиран на 28. мај откако претрпе тешка повреда на мозокот. После неколку дена во кома, голманот на 5. јули беше отпуштен од одделот за интензивна нега.
Серхио Рико е член на ПСЖ од 2019 година, а за клубот одигра 24 натпревари. Претходно настапуваше за Севилја со која освои два трофеи во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул донесе напаѓач за 100 милиони евра

Ливерпул обезбеди значајно (и скапо) засилување кое пристигнува на „Енфилд“ од Германија.
23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Уго Екитике, ќе се пресели во Премиер лигата во трансфер вреден 94 милиони евра, земајќи ги предвид и бонусите.
Раководствата на англискиот и германскиот клуб конечно се согласија за деталите од трансферот, објавуваат медиумите, а Екитике ќе потпише договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една сезона.
Францускиот напаѓач одигра 48 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 22 гола со 12 асистенции.
Талентираниот фудбалер ја започна својата професионална кариера во родниот Ремс, во сезоната 2023-24 беше член на ПСЖ, од каде што се пресели на позајмица во Ајнтрахт во зимата 2024 година, кој подоцна го купи за 16,5 милиони евра.
Помеѓу двете првенства, Ливерпул ги ангажираше и Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Георги Мамардашвили и Флоријан Вирц. Сè на сè, Англичаните издвоија дури 308.000.000 евра за засилувања ова лето.
Тимот од „Енфилд“ ќе ја брани титулата во сезоната 2025-2026.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Винисиус ќе остане во Реал

Понудата од неименуван саудиски клуб од една милијарда евра за Винисиус Жуниор е повлечена, бидејќи Реал Мадрид планира да склучи нов договор за својата ѕвезда, пишуваат шпанските медиуми.
Бразилецот е една од главните цели на Саудиската професионална лига, која сака да привлече уште поголем број мега поларни фудбалери на Блискиот Исток.
Винисиус има договор со Реал до 2027 година, но разговорите за продолжување наводно се заглавени, бидејќи тој сака да стане најплатен играч во клубот.
Според неколку извори, Саудијците биле подготвени да му платат на Реал 350.000.000 евра отштета, а на Винисиус договор од една милијарда евра за пет години, што би бил убедливо најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Според „АС“, петгодишниот договор вреден една милијарда евра е повлечен, иако интересот на Саудијците би можел да оживее во иднина.
Се верува дека разговорите меѓу Винисиус и Реал ќе се обноват во 2026 година, а Бразилецот претходно изјави дека неговата цел е да остане во клубот.
Реал веќе го препозна и го вклучи во групата капитени за следната сезона. Главен капитен ќе биде Дани Карвахал, но тој повеќе негов заменик е Феде Валверде, трет на листата е Тибо Куртоа, а четврти е Винисиус.
Foto/ EPA
Спорт
Доминација на Маркез во Брно

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи.
На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг успеа да го мине Марко Бецеки. Италијанецот, возач на Априлија, имаше брилијантен старт, од четвртото се проби на првото место, но против Маркез не можеше да се одбрани.
Големо задоволство по трката има и во таборот на КТМ. Нивниот возач Педро Акоста трката ја заврши на третото место. Ова е прв пласман на подиумот за него оваа сезона.
Разочара уште еднаш Франческо Бањаја. Трката ја започна од пол-позицијата, експресно ја загуби битката со конкурентите и не можеше подобро од четвртата позиција.
Зад Бањаја завршија Раул Фернандез, Фабио Квартараро и актуелниот првак Хорхе Мартин кој се врати по долгата пауза. За Мартин ова беше втората трка сезонава и први поени.
Foto/ EPA