Спорт
Три слаломи на Меси – најубавите голови на Барса во историјата (видео)
По цели 100 дена и со над 500.000 гласови на навивачите, шпанскиот фудбалски клуб Барселона ги претстави најубавите погодоци на тимот низ историјата. Трите најубави гола постигнати за каталонскиот гигант се дело на еден ист човек – Лионел Меси.
За најубав погодок е прогласен голот на Меси против Хетафе на Ноу Камп во лигашката сезона 2006/2007.
На второто место е погодокот на Меси исто така на Ноу Камп против Атлетико Билбао во сезоната 2014/2015, а на трето место според бројот на гласови на фудбалските вљубеници е голот на Аргентинецот против Реал во Мадрид во првиот полуфинален дуел од ЛШ.
Навивачите на Барселона се чини ги подзаборавија маестралните партии за клубот на Роналдо, Роналдињо, Ривалдо, па за четврти најубав гол го избраа оној на Серхи Роберто против ПСЖ во реваншот од
Погледнете и уживајте:
After…
100 days
64 goals
60 duels
500,000 votes
?We are about to find out which is the best goal in Barça history. Thanks Barça Fans for making this possible!?
??#BarçaBestGoalEver
⬇Thread⬇ pic.twitter.com/YPKJArwOnQ— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 28, 2019
?Leo #Messi has a message for you!#BarçaBestGoalEver ?? pic.twitter.com/PHOXJvIbII
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 28, 2019
After…
100 days
64 goals
60 duels
500,000 votes
?We are about to find out which is the best goal in Barça history. Thanks Barça Fans for making this possible!?
??#BarçaBestGoalEver
⬇Thread⬇ pic.twitter.com/YPKJArwOnQ— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 28, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

