Спорт
Три тима бараат да се провери легалноста на болидот на Хас

Три Формула 1-тима побараа објаснување од ФИА за легалноста на болидот на Хас за 2022, тврди угледниот германски магазин „Авто мотор унд спорт“ откога малиот американски тим имаше сензационален почеток на сезоната.
Хас минатата сезона станаа првиот тим што не освои поени по шест години во Ф1 откако Никита Мазепин и Мик Шумахер не беа ниту блиску до топ-10. Оваа сезона поддржани од спонзорските пари на семејството на Мазепин (кои компанијата си ги бара назад откако тој беше отпуштен) и со техничка поддршка од Ферари, Хас има освоено поени во две од првите три трки со значително посилен болид.
„Хас направи огромен чекор напред од последното место. Тоа е интересен чекор. Организација од 2.000 луѓе каков што е нашиот тим треба да научи многу од толку мал тим. Мора да завршија одлична работа“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.
Шефот на Алпине, Отмар Шафнуер, кој беше на чело на Рејсинг поинт во 2020 кога беа обвинети дека го копираат болидот на Мерцедес од 2019, вели дека е јасно оти Хас имал предност.
„Хас е мал тим кој скокна од последно до трето место во текот на зимата. Сите се изненадени, но јас го очекуваав тоа бидејќи промените ги фаворизираат тимовие што имаат врски со големите тимови“, изјави Шафнауер.
Иако не е јасно кои тимови бараат објаснување од ФИА, се верува дека Мекларен, Мерцедес, Астон Мартин и Алпине се меѓу оние што се незадоволни од развојот на настаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал го доби евролигашкото „Ел класико“ за финале на Евролигата!

Реал Мадрид со 86:83 ја совлада Барселона во второто полуфинале од Евролигата во Белград, за слатка одмазда на тимот на Пабло Ласо и обезбедување на големо финале против актуелниот шампион, Анадолу Ефес, кој претходно во драма беше подобар од Олимпијакос.
„Кралевите“ имаа лоша серија од пет порази едноподруго од Барселона, за да им се одмаздат во најважниот меч од сезоната, и тоа откако тимот на Шарунас Јасикевичиус имаше и двоцифрена предност во мечот. Ова е прво финале за „кралевите“ по освојувањето на титулата во 2018 година.
Барса имаше серија од 9-0 во втората четвртина за да поведе со 43:33 пред полувремето, но Реал се врати со 26:11 во третата четвртина, предводени од Серхио Љуљ и Фабиен Касер. Николас Лапровитола ги врати Барса во игра со две тројки во низа за на три минути пред крајот, Реал да има два поени предност (73:75). Мечот влезе во неизвесна завршниц, пред Љуљ да ја осигура победата. Касер заврши со 18 поени за Рел, Јабуселе имаше 18 поени и 8 скока, а Љуљ заврши со 15 поени. За Барса не беше доволна фантастичната партија на Никола Миротиќ со 26 поени, 12 скока и 5 асистенции.
Финалето се игра во сабота во 18 часот.
Спорт
Евертон со луд камбек до победа над Палас и обезбедување на опстанок!

Евертон сигурно нема да биде второлигаш следната сезона. Навивачите на славниот ливерпулски клуб можат да здивнат по вечерната драма, во која тимот на Френк Лампард се врати од 0:2 негатива по 36 минути игра, за да стигне до драматична 3:2 победа над Кристал палас, со што се одвоија од Барнли и Лидс, двата клуба кои во последното коло ќе се обидат да избегнат преселба во понизок ранг.
Мечот на „Гудисон“ не почна најдобро за Евертон – Жан-Филип Матета во 21. минута ги донесе гостите во водство, за ветеранот Џордан Ају во 36. минута да зголеми на 0:2. Но, „карамелите“ не се предадоа – Мајкл Кин во 54. минута намали на 1:2, Ришарлисон во 75. минута израмни на 2:2, пред Доминик Калверт-Луин во 85. минута да го постигне победничкиот гол, предизвикувајќи кратка инвазија на теренот на навивачите на Евертон.
ПРЕМИЕРЛИГА
Евертон – Кристал палас 3:2
Астон вила – Барнли
Челси – Лестер 1:1
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
Спорт
Титулата од ЛШ останува сон за ПСЖ по колапсот против Кил!

Сонот на Пари Сен-Жермен за прва титула од Лигата на шампионите ќе остане само сон барем уште една сезона, откако тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес доживеа „колапс“ на гостувањето кај Кил и загуби со 33:32.
Кил требаше да го запечати местото на Ф4 во Келн уште во првиот меч, кога ПСЖ спасуваше реми (30:30) во последните минути од мечот, но имаа одлично отварање на мечот, поведувајќи од првата минута, за да отидат на одмор со два гола предност (17:19), користејќи ја слабата форма на Никлас Ландин, кој имаше само една одбрана по 24 минути игра.
Меѓутоа, во второто полувреме, Кил направија камбек предводени од Домагој Дувњак и Магнус Ландин Јакобсен да стигнат до 26:23 водство. ПСЖ успеа да ја врати рамнотежата
Ландин Јакобсен заврши со 7 гола за бундеслигашот, по шест имаа Харалд Реинкинд и Патрик Винцек, додека за ПСЖ, Недим Ремили имаше 8, а Камил Сипжак заврши со 7.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кил – Пари Сен-Жермен 33:32 (17:19), прв меч 30:30
Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33
Вчера играа:
Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36
Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28