Спорт
Тројца фудбалери, кои играа на СП во 2002, сѐ уште се активни

Златан Ибрахимовиќ и Хоакин, во неделата ги завршија своите фудбалски кариери. Нивното пензионирање значи дека сега има само тројца играчи од СП 2002 во Јапонија и Кореја кои активно се занимаваат со фудбал.
Прв меѓу нив е Џанлуиџи Буфон, легендата на италијанскиот фудбал кој се уште настапува за Парма. Тој се уште нема донесено одлука за повлекување. Буфон со својата долговечност и квалитет стана икона на голманската позиција, па и на 43 години пружа спектакуларни партии.
Вториот е Роке Санта Круз, парагвајскиот фудбалски великан и поранешен капитен на националниот тим. Санта Круз имаше одлична кариера каде играше за клубови како Баерн, Манчестер Сити, Бетис и Малага. Тој денеска на 41 година настапува за Либертад во својата татковина и го чека крајот на кариерата.
Третиот фудбалер е Бартоломеј Огбече, 38. годишен напаѓач кој моментално игра во Индија за Хајдерабад. Во 2002 година Огбече ја претставуваше Нигерија на Светското првенство, а во текот на кариерата играше за познати клубови како ПСЖ, Мец, Алавес, Реал Ваљадолид и Кадиз. Огбече има договор со Хајдерабад до ова лето, прашање е дали ќе ја продолжи кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Волејот на Зубименди му го трасираше патот до победата на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата.
Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу.
Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата.
По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис Вуд, кој ја испрати топката со глава надвор од шеснаесетникот и право на ногата на Мартин Зубименти кој со волеј ја испрати зад грбот на Селс. .
Со гол предност, Арсенал отиде на пауза, а веднаш по враќањето во 46-та минута, Виктор Ѓекерес постигна гол по додавање од Ебречи Езе за 2:0.
Стрелецот на првиот гол, Зубименди, стави точка на натпреварот со асистенцијата за Ландро Тросар во 79-та минута од натпреварот.
Сенка на победата фрли повредата на Мартин Одегард кој се поврди во раната фаза на првото полувреме и мораше да го напушти теренот.
Арсенал е на првото место со девет бода, но и натпревар повеќе од другите тимови. Додека Нотингем Форест е на 11-та позиција со четири бода.
Во следната рунда Арсенал во дербито ќе го пречека Манчестер Сити, а Нотингем гостува кај Барнли.
Foto/ EPA
Спорт
Бецеки победи во спринт трката во Мизано

Марко Бецеки возачот на Априлија го освои спринтот во Сан Марино. На патакета во Мизано, Бецеки победи пред Алекс Маркез (Гресини Дукати) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез со својот Дукати не ја заврши трката.
Бецеки трката во Мизано ја стартуваше од пол-позицијата, успеа да ја задржи на стартот, пред Марк Маркез кој се проби од четвртата на втората позиција. Зад нив беа Диџанантонио и Фабио Квартараро.
Квартараро со својата Јамаха излета од патеката во петтиот круг, позицијата му ја препушти на Франко Морбидели (В46).
Шестиот круг беше клучен за трката. Најпрвин Маркез го мина Бецеки, а во истиот круг лидерот во вкупниот пласман, излета од патеката.
Спорт
Гвардиола: Халанд е пред Исак

Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот на Манчестер сити одговори на новинарско прашање да направи споредба меѓу Халанд и Александар Исак, новиот напаѓач на Ливерпул платен 145 милиони евра, откако Арне Слот рече дека Исак е најдобар на светот.
„Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е на врвот“, рече Гвардиола.
Тој додаде дека Исак е достоен за сите пофалби, но и дека според него, дури ни Лионел Меси не може да се спореди со Норвежанецот.
„Исак е веројатно врвен играч штом го платиле толку многу. Некој друг би можел да ги именува Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го менувал Ерлинг за никого“, нагласи Гвардиола и ги изненади Англичаните бидејќи е познато колку каталонскиот стручњак го обожава Меси.
Норвежанецот пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд. Досега одигра 149 натпревари и постигна 127 гола во дресот на Сити. Оваа сезона во Премиер лигата продолжи во ист ритам, со три гола на три натпревари.
Покажа дека е во одлична форма во дресот на репрезентацијата. На квалификацискиот тест против Молдавија неодамна постигна дури пет гола и стана најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство.