Спорт
„Трошат во преодните рокови како да се во циркус“

„Некои клубови трошат како да се во циркус“, рекол Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, по победата над Лидс. Клоп не ги именувал клубовите, но јасно е дека тоа се однесува на Манчестер јунајтед и Манчестер сити.
Повод за ваквата изјава на Клоп било новинарско прашање зошто клубот не бил активен во летниот преоден рок. Ливерпул летово се засили само со Ибрахим Конате за кого на Лајпциг му плати 34 милиони фунти.
„Јас се пријавив за да работам на овој начин, досега бевме многу успешни. Работејќи на специфичен начин, освоивме неколку трофеи. Сепак, секогаш ме прашувате зошто работиме на овој начин. Мислевме дека имаме добра причина да им ги продолжиме договорите на играчите што се важни за нашиот тим, тоа и го направивме. Не бевме спектакуларни како другите, мислам дека не треба да се носат играчи само за да бидете во циркусот“, рекол Клоп и дополнил.
„Другите клубови беа активни летово, во ред. Сега ќе играме против нив и ќе видиме што можеме да направиме“.
Манчестер јунајтед на Џејсон Санчо, Рафаел Варан и на Кристијано Роналдо потроши 130 милиони фунти, а Манчестер сити и Челси за 100 милиони фунти се засилија со Џек Грилиш, односно Ромелу Лукаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леверкузен на Дортмунд им го „украде“ Ечевери

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица.
Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд.
Ечевери пристигна во Сити минатата година од Ривер Плата за 18,5 милиони евра. Тој се приклучи на тимот на почетокот на оваа година, но одигра само три натпревари.
Спорт
Јован Манев на заем во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25.
По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.
Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.
Foto/ nk-rijeka.hr
Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.