Спорт
Цибона сака да ја напушти АБА лигата
Кошаркаскиот клуб Цибона, еден од основачите на регионалната АБА лигата (заедно со Будуќност, Олимпија и Босна), наскоро би можела да го напушти регионалното натпреварување.
Оваа информација ја пренесува „Вечерњи лист“ (Спортске новости) и според нивните информации Цибона е незадоволна од третманот во АБА лигата.
Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА лигата, кое донесе одлука за укинување на националниот клуч со можност за проширување на лигата на 20 клубови.
„Новиот систем на натпреварувањето требаше да го одреди комисијата од пет клуба во состав: Партизан, Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Будуќност и Цибона, а во понеделник беше одржана координација на комисијата и Цибона навредена го напушти состанокот. Има две кола до крајот на тековната сезона, Цибона е на претпоследната позиција и според старите правила треба да игра со поразениот финалист од АБА 2 лигата каде победникот би играл на следната АБА.
Цибона дознала дека во случај на пораз во баражот би можела да остане во АБА лигата доколку ја плати 400.000 евра за специјална“, пишува „Вечерњи лист“.
Челниците на Цибона веќе извесно време размислувале дали клубот воопшто треба да игра во АБА лигата, а како што наведува овој извор, извесно е дека клубот ќе донсе одлука да не игра и дека тоа би бил сериозен удар за самото натпреварување.
Факт е дека Цибона долги години е на работ на опстанокот и нејзината конкурентност одамна е под знак прашалник…
Она што во моментов е мистерија е што ќе биде со Сплит и Задар, преостанатите два хрватски клуба. Тие не се во сопственичката структура, ниту се блиски со друг клуб како ФМП со Црвена звезда или Студентски центар со Будуќност.
„Проблемот е што со текот на годините правила се менуваа и се прилагодуваа за да им одговараат на „големите“ клубови. За луѓето од Цибина кои подолг период размислуваат дали воопшто им се испалти да играат во ваква лига или ќе се насочат кон европските купови, одлуката која е донесена беше „капака која ја преи чашата“. Во целост за хрватската кошарка четврт век регионална лига, не само поради оваа лига, но, хрватската кошарка ја направи полоша него што беше претходно. Цибина би можела да го повлече првиот потег. Прв пат Цибна не молчи. И тоа е неккава вест во оваа бара“, стои во текстото.
и клубовите што им беа важни. регионалната лига, не само поради таа лига, туку и ја направи хрватската кошарка полоша од претходно, а тоа е вест во овој напис.
Извесно е дека клубот од Загреб повеќе нема да биде во АБА лигата…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

