Спорт
Циципас елиминиран од Вимблдон
Американскиот тенисер Кристофер Јубанкс направи изненадување и го елиминира Стефанос Циципас во осминафиналето на Вимблдон. Гркот важеше за фаворит, но по голема борба Јубанкс славеше со 3:2 во сетови.
Циципас го доби првиот сет со 6:3 во гемови, но Јубанкс израмни на 1:1 во сетови откако го доби вториот во тај-брејк.
Гркот повторно славеше со 6:3 во гемови во третиот сет, но Кристофер Јубанкс потоа заигра подобро, ги искористи грешките на Циципас и успеа да слави триумф.
Кај дамите, белоруската тенисерка Аријана Сабаленка се пласира во четврт-финалето на годинашното издание на Вимблдон откако без проблеми славеше со 2:0 во сетови против Русинката Екатерина Александрова.
Втората тенисерка на светот првиот сет го доби со 6:4, а потоа го комплетираше мечот со 6:0 во сетови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јамал и Рафиња ја вратија Барселона на второто место
Фудбалерите на Барселона ја оправдаа улогата на фаворити, на домашен терен го совладаа Реал Сосиедад со 2:0 и се вратија на второто место на табелата во шпанската Примера. Со овој пораз Реал Сосиедад падна на седмата позиција, која носи пласман во Конференциската лига.
Каталонците сосема заслужено ги освоија трите бода, но повторно избраниците на Чави Ернандез си поиграа со нервите на своите навивачи.
Барселона поведе во 40. минута по одличната акција која ја започна Левандовски, стрелец беше Ламине Џамал. Тоа беше седми гол во сезоната, петти во лигата за суперталентираниот 16-годишник.
Во финишот на натпреварот во 93.минута Рафиња од пенал го постави конечниот резултат.
Спорт
Давидовац го реши трилерот во „Пионир“
Кошаркарите на Црвена звезда поведоа со 1-0 во финалната серија во АБА лигата. Црвена звезда по два ипол часа кошарка го победи Партизан со 85:82.
Вечните ривали водеа голема борба во текот на целиот натпревар. Ниту еден од тимовите немаше предност поголема од девет поени.
Дербито во самиот финиш од линијата за слободни фрлања го реши Дејан Давидовац. Најпрвин погоди за 83:80, на спротивната страна одговори со поени Џејмс Нанели.
Во следниот напад Давидовац го надмудри Ледеј кога беше судена „мртва топка“ и потоа повотрно поентираше од линијата за слободни. Со звукот на сирената потоа од центарот на теренот неуспешно се обиде Аврамовиќ.
Најдобар во победничкиот тим беше Јаго Дос Сантос со 18 поени. Лука Митровиќ и Милош Теодосиќ додадоа по 14 поени. Херојот Давидовац постигна 12 поени.
Кај Партизан блескаше Џејмс Нунели со 27 поени и шест скока. Кевин Пнатер постигна 13 поени, а Алекса Аврамовиќ додаде десет поени.
Вториот натпревар е закажан за среда на 15 мај, а домаќин повотрно е Црвена звезда.
Спорт
(Видео) Дуран спречи триумф на Ливерпул на „Вила Парк“
Фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар во претпоследноот коло на Премиер лигата на „Вила Парк“ во Бирмингем.
На крајот немаше победник 3:3. Победа на Ливерпул не дозволи Колумбиецот Дуран.
Ливерпул поведе во втората минута по грешката и автоголот на голманот Емилијано Мартинез, Јури Тиелеманс израмни во 12. минута.
Гостите од „Енфилд“ заминаа на пауза со предност што им ја донесе Коди Гакпо во 23. минута.
Во продолжението Астон Вила заигра подобро, иако Ливерпул стигна до 1:3 преку Кванса во 48. минута.
Тогаш на сцена стапи Колумбиецот Дуран, кој најпрвин погоди во 79.минута, а потоа во 88.минута избори бод на својот тим.
Ливерпул е трета со 79 поени, Астон Вила е на четвртата позиција со 63 бода.