Спорт
Циципас се предаде по три гема
Данскиот тенисер Холгер Руне ја забележа првата победа на завршниот Мастерс во Торино, откако Стефанос Циципас му го предаде мечот по само три гема.
Во моментов не е познато за каква повреда се работи поради која Циципас му го предаде мечот на Данецот при резултат 2:1 за Руне.
Гркот имаше две брејк топки во првиот гем, но не успеа да го освои гемот на сервис на Руне.
По овој гем, Данецот ги доби двата преостанатите, по што Циципас побара помош од физиотерапевт и потоа го предаде мечот.
Бидејќи веќе нема никави шанси за место во полуфиналето извесно е дека Циципас ќе го напушти Торино.
Тоа значи дека во последното коло, во „Зелената група“, против Ѓоковиќ ќе игра првата резерва Тејлор Фриц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Симеоне: Овој формат на ЛШ ве тера да играте на победа
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека е задоволен од исходот на натпреварот против Лајпциг.
Фудбалерите на Атлетик во четвртокот го победија Лајпциг со 2:1, во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите.
Шпанскиот клуб победи со голот на дефанзивецот Хосе Марија Хименез во 90. минута.
„Овој формат нè принудува да победиме, од нерешен резултат има малку корист. Целосно сум задоволен, натпреварот беше многу добрар. Ова ќе го кажев и доколку завршеше нерешено. Игравме на различни начини и со различни играчи. Играчите добро го протолкуваа тоа и добивме важен натпревар. Се се одвиваше онакак како што замисливме, контролиравме 80 проценти од играта“, изјави Симеоне по мечот.
Клубот од Мадрид во недела ќе му гостува на Рајо Ваљекано во шестото коло од шпанската лига.
Спорт
Ембид ќе заработува 64 милиони долари по сезона
Џоел Ембид е еден од најдобрите центри во денешната НБА и е член на Филаделфија ’76 од почетокот на кариерата.
Според Шемс Чаранија, моментално единствениот активен НБА инсајдер, Филаделфија ќе му плати на Џоел Ембиид 193 милиони долари во следните три сезони.
Максималниот договор трае до 2028/29 година и тоа значи дека Ембид ќе заработува 64,33 милиони долари годишно, или ќе инкасира над 301 милион долари за пет години со стариот максимален договор.
Тоа е еден од најголемите договори во историјата на НБА.
Ембид дојде од Универзитетот Канзас во НБА во 2014 година кога Фили го избра од третата позиција на драфтот. Тој беше МВП во 2023 година и член на идеалната петорка.
Ембид е седумкратен Ол-стар, двапати водечки стрелец во лигата, четири пати член на втората најдобра петорка во лигата и три пати се најде во вториот најдобар одбранбен тим во лигата.
Спорт
Фиго: Помалку натпревари, помали плати
Поранешниот фудбалер Луис Фиго ја коментираше најавата за штрајк, за која прв проговори Родри од Манчестер сити.
Шпанецот јавно го изрази своето незадоволство поради големиот број на натпревари и најавеното продолжување на сезоната, која во тој случај би траела до средината на јули, што на никој во фудбалскиот свет не му се допаѓа.
Покрај Родри, во изминатите неколку дена уште неколку врвни фудбалери се заканија со штрајк. Според нив ФИФА и УЕФА само трупаат натпревари, а пред да донесат такви одлуки никој од двете организации не се консултира фудбалерите.
Познатиот португалски фудбалер проговори за најавениот штрајк.
„Секако, ова е секогаш комплицирана тема за разговор. Играчите имаат договор со субјектот, односно клубот, и наше е да го најдеме најдоброто решение. Логично е дека има се повеќе и повеќе натпревари , тоа е едноставно е ефектот на снежна топка што се тркала надолу. Повеќе натпревари поголеми плати, ако се намали бројот и платите треба да бидат намалени. Потребно е да се најде вистинскиот баланс, но тоа е тешко“, рече Фиго.