Спорт
Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров.
Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску.
Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите.
Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати договор на „определено време“, поточно до крајот на сезоната.
Тудор би го предводел Јувентус само на девет првенствени натпревари. Разговор за евентуално нов договор би се водел само доколку ја исполни примарната цела, пласман во топ 4.
На вакви услови не се согласи искусниот Роберто Манчини, додека како потенцијални тренери на лето се споменуваат Антонио Конте и Стефано Пиоли.
Да потсетиме, Тудор е без работа една година, откако го напушти Лацио, а во кариерата работеше и во Марсеј, Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, Карабукспор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Цунода би можел да го замени Лосон по само две трки

Според „Скај Спортс“, Ред Бул сериозно размислува да го замени Лиам Лосон со Јуки Цунода за трката во Јапонија. Јапонското гран при е трето во сезоната, ќе се вози на 6.април.
Лиам Лосон не се прослави на почетокот на кариерата во Ред Бул, иако ја доби довербата пред Јуки Цунода кога тимот му врачи отказ на Серхио Перез.
Шпекулациите започнаа да кружат само неколку часа по завршувањето на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај. Шефот на тимот Кристијан Хорнер оди да коментира.
„Секогаш ќе има шпекулации. Само што ја завршивме трката, допрва треба детално да ги анализираме сите информации“, изјави Хорнер.
Сепак, тој откри некои детали на прашањето дали се точни тврдењата на советникот на Ред Бул, Хелмут Марко дека следниот состанок ќе биде посветен токму на ова тема.
„Лиам моментално има проблем со довербата во болидот. Затоа ги направивме овие големи промени за да се обидеме да обезбедиме подесувања кои му одговараат.
Мислам дека Лиам има потенцијал, но досега не можеше да го искористи. Имаше неколку тешки викенди и медиумите постојано го притискаат. Во оваа работа, притисокот само се зголемува, жал ми е за него. Очигледно во моментов му е многу тешко. Тој е млад возач и имаме одговорност да направиме се што можеме за да му помогнеме“, рече Хорнер.
Спорт
Барселона подготвува нов договор за Шчесни
Војчех Шчесни минатата есен излезе од пензија за да и помогне на Барселона во преостанатиот дел од сезоната, откако тешка повреда доживеа Марк-Андре тер Штеген. Полскиот голман веројатно и самиот не веруваше дека доживее ренесанса и ќе му биде понуден нов договор.
Шчесни настапи на 16 натпревари во сите натпреварувања, оставајќи одличен впечаток кај сите во клубот, кои решија да му понудат нов двегодишен договор.
Се очекува да го прифати тоа и да заборави на претстојното пензионирање бидејќи е јасно дека има уште многу да му понуди на фудбалот, но и на Барселона.
Шчечин се раздели со Јувентус во август минатата година, замина во пензија, од која се врати на 2.октомври кога Барселона му понуди договор.
Спорт
Македонија има 11 отсто шанси за директен пласман на СП, 24 отсто шанси за место во баражот

Фото/ ffm.mk
По четвртфиналните натпревари од Лигата на нациите, шпознат е конечниот изглед на квалификациските групи во европската зона за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Популарната платформа „Фудбал Митс Дејта“, даде проценка како ќе изгледа конечниот пласман во квалификациските групи.
За нас најинтересна е прогнозата за Ј групата, во која покрај Македонија партиципираат и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Македонија во саботата со победа кај аутсајдерот Лихтенштајн ги започна квалификациите.
Македонија има 11 отсто шанси дс го освои првото место во групата, а 24 отсто да избори пласман во баражот за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Според „Фудбал Митс Дејта“, Македонија има 48 отсто шанси да го освои третото место во групата.
Логично, според рејтингот Белгија е најголем фаворит во групата. Белгија има 55 отсто шанси да го освои првото место, наспротив Велс (33 отсто). Предвидувањата на платформата се дека, кога се работи за второто место Белгија има 31, а Велс 42 отсто шпанси.
Најголеми шанси за директен пласман на СП има Шпанија (85 отсто), потоа Германија (84 отсто), Франција (82 отсто), Холандија (82 отсто), Португалија (81 отсто), Англија (73 отсто), Австрија (70 отсто), Хрватска (68 отсто), Италија (58 отсто), Белгија (55 отсто)…