Спорт
Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра
Хрватскиот тренер Игор Тудор го презеде Јувентус, а сега се откриени интересни детали околу неговиот ангажман, во клубот, чии дрес го носеше како играч.
Игор Тудор во Јувентус дојде на местото на тиаго Мота, кој вчера доби отказ. Според „газета дело спорт“, Мота телефонски го добил отказното решение.
Италијанските медиуми објавија дека Тудор за што поскоро да потпише договор со новиот работодавец, во неделата се седнал во својот автомобил и по 10 часа возење (1.000 километри) вечерта пристигнал во Торино.
Истите извори наведуваат дека неговата плата до крајот на сезоната ќе биде 500.000 евра.
Во договорот има и клаузула според која договорот на Тудор може да биде продолжен за целата наредна сезона, а се што треба да направи за тоа е да се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона.
Инаку, Јуве има право да ја прекине соработката без дополнително објаснување до 30-ти јули годинава
Хрватскиот стручњак, откриваат Италијанците, веќе имал средба со навивачите на „старата дама“ во понеделник наутро, а се планира веднаш да го води првиот тренинг.
Тудор и Јувентус, му беше асистент на Андреа Пирло во периодот од 2020 до 2021 година.
Тудор го презема Јувентус по двата катастрофални порази (4:0 од Аталанта и 3:0 од Фиорентина). Клубот моментално е на петтото место, со еден бод помалку од Болоња, која се наоѓа на четвртото место, последно кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А.
Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута.
Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но имаше три големи шанси за водство. Два пати Пулишиќ беше сам пред Де Хеа, а еднаш се обиде Габија.
Во судиското продолжение, Фиорентина остана без тренер, бидејќи Паоло Ваноли доби директен црвен картон.
Домашниот тим во второто полувреме целосно ги надигра Росонерите. Офанзивата им донесе резултата на „виолетовите“ во 66-тата минута, кога Комуцо погоди за 1:0.
Бод, Милан освои со голот на Нкунку во 90-та минута.
Foto/ EPA

