Спорт
Тухел се договорил со ФА, ќе биде новиот селектор на Англија
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) постигна договор со германскиот тренер Томас Тухел да го преземе националниот тим, објави новинарот Фабрицио Романо.
Поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, Челси, ПСЖ, Баерн ќе го наследи Герет Саутгејт поднесе оставка во јули.
Саутгејт поднесе оставка откако освои два сребрени медали на Европските првенства (2021, 2024), бронзен медал во Лигата на нации во 2019 година и четврто место на Светското првенство во 2018 година со репрезентацијата на Англија, за осум години како селектор.
Ли Карсли е вршител на должноста селектор на Англија, а во првите четири натпревари забележа три победи и еден пораз против Грција.
Со Челзи, Тухел ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа во 2021 година, со Пари Сен Жермен двапати ја освои француската лига (2019, 2020 година), додека со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата во 2023 година.
Ова ќе биде третпат англиската репрезентација да ја предводи странец, по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.
Официјализирање на одлуката се очекува во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фред Васер: Хамилтон претерува со изјавите
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион, беше депресивен по трката во Лас Вегас. Трката, Хамилтон ја заврши на осмото место.
Британецот зад воланот на Ферари истакна дека целата оваа сезона била катастрофална за него и дека не очекува да биде подобро следната година.
Фред Васер, шефот на Скудерија, му рече дека Хамилтон претерувл со изјавата.
„Ја разбирам реакцијата на Луис веднаш по трката. Сепак, тој треба да се смири и да се фокусира на преостанатите две трки во Катар и Абу Даби.“
Французинот верува дека не е сè толку црно во Ферари.
„Тој немаше толку лош ритам во Лас Вегас, но многу отежна тоа што стартуваше од 20-то место. Не сме задоволни, но мора да останеме заедно и да бараме најдобро решение“, рече Васер.
Хамилтон е 74 поени зад својот тимски колега Шарл Леклер и сè уште нема пласман на подиумот откако се пресели во најпознатиот тим во светот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Чоло Симеоне: Можам да се замислам како тренер на Интер
Диего Симеоне, на прес конференцијата, пред натпреварот со Интер го кажа она што голем број Интеристи сакаа да го чујат со години.
„Не знам“, одговори Аргентинецот кога беше прашан дали еден ден би го тренирал Интер.
Но…
„Но, да… Можам да се замислам себеси еден ден како тренер на Интер“, додаде Чоло, кој од 2013 година предводи друг клуб за кој играше за време на својата играчка кариера, Атлетико Мадрид.
Симеоне веќе еднаш во животот се пресели од Атлетико во Интер, тоа беше во 1997 година по три успешни сезони на тогашниот „Винсенте Калдерон“. Тој остана на „Меаца“ релативно кратко време, само две сезони, но дури и тоа беше доволно навивачите на Интер да можат да кажат дека тој е еден од нив.
Атлетико и Интер повторно се среќаваат во Лигата на шампионите, овој пат во првата фаза (среда, 21.00 часот).
Последен пат се сретнаа во осминафиналето во сезоната 2023/24, а шпанскиот тим се пласираше понатаму, откако ја доби пенал серијата.
Кога Аргентинецот ќе стане тренер на Интер? Тешко е да се претпостави од неколку причини, од кои една е платата на Симеоне, тој со години е еден од најплатените тренери во светот на фудбалот.
Нероаѕурите му плаќаа на Симоне Инзаги три пати помалку, што беше рекордна плата за тренер во Италија. Неговиот наследник Кристијан Киву работи за 2,5 милиони евра годишно.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудесна четвртина на Дончиќ, Лејкерси ги декласираа Клиперси
Лука Дончиќ одигра чудесна прва четвртина, го заврши натпреварот како најдобар стрелец и асистент, а Лос Анџелес Лејкерс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 135:118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двата тима имаа резултат од 2:0 до овој натпревар.
За потсетување, НБА Купот се игра како дел од сезоната, а неговите натпревари, сите освен финалето, се сметаат во односот на тимовите, на табелата во регуларниот дел од сезоната.
Натпреварувањето се игра прво во групи, шест групи од по пет тима, од кои победниците влегуваат во четвртфиналето. Вклучува и еден од најдобрите второпласирани тимови од групната фаза од секоја конференција.
Клиперс го пречекаа градскиот дуел со негативна серија од десет порази во последните 12 натпревари, а Лејкерс влегоа во пресметката со серија од четири последователни победи и осум победи во последните десет натпревари.
Лејкерс славеа предводени од суперѕвездата, Лука Дончиќ. Словенецот имаше одлична прва четвртина во која ги погоди своите први пет обиди за тројка. Четвртината ја заврши со постигнати 24 поени. На полувремето постигна 32 поени, а во втората половина малку запре. Средбата ја заврши со учинок од 43 коша, девет скока и 13 асистенции.
Леброн Џејмс исто така беше добар за Лејкерси, постигна 25 поени, имаше шест скока и шест асистенции. Остин Ривс додаде 31 поен и имаше девет асистенции.
За Клиперси, Џејмс Харден беше најдобар со 29 поени и девет асистенции за соиграчите, додека Кавај Ленард и Крис Дан додадоа по 19 поени. Ивица Зубац го заврши натпреварот со дабл-дабл, со по 10 поени и скокови.
НБА, резултати:
Вашингтон – Атланта 132:113
/Меколум 46 – Порзингис 22/
Филаделфија – Орландо 103:144
/Мекси 20 – Блек 31/

