Спорт
Тухел за утката на Вернер против Македонија: Асистенцијата на Гундоган беше лоша!

Томас Тухел ги спореди обидите на Тимо Вернер да ја врати прецизноста и голгетерската форма со „бркање“ на девојка, откако Германецот беше предмет на безброј шеги на Интернет по неверојатното промашување против Македонија по кое нашата репрезентација славеше со фантастични 2:1 во Дуизбург.
Вернер ќе има шанса да се оправда овој викенд против Вест Бром во сабота, а Тухел има совет за својот сонародник, велејќи му малку да „успори“ за да ја врати формата, а сега дава интересна аналогија.
„Ако девојката не сака да излезе со тебе, не можеш да ја изнесеш со сила. Направи чекор наназад и можеби подоцна ќе те повика. Против Македонија? Тоа беше лошо додавање од Илкај Гундоган, мислам! Се шегувам. Ја промаши шансата и сега сите го зборуваат тоа. Лесно е да се покажува со прст кон него, и среќен сум што е тука со нас. Да зборуваме искрено, во моментов му недостасува самодоверба и не му е лесно. Тимо дава голови од својата петта година и не престана. Треба да има доверба во својот мозок и телото и тоа ќе се врати. Тимо ќе стартува утре“, вели Тухел.
my god this Werner miss for Germany lmao pic.twitter.com/e2zZjpW39a
— Mike (@hactuary_) March 31, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пипен по смртта на неговиот првороден син: Срцето ми е скршено

Поранешната ѕвезда на Чикаго Булс, Скоти Пипен, во понеделникот потврди дека неговиот првороден син, Антрон починал во неделата на само 33 години. Причината за смртта засега не се открива.
„Срцето ми е скршено што морам да споделам дека вчера се збогував со мојот првороден син АНтрон. Двајцата делевме страст за кошарка и безброј разговори за спортот. Тој страдаше од хронична астма и затоа не стигна до НБА. Тоа никогаш не го спречуваше, секогаш беше позитивен и работеше напорно и горд сум каков човек израсна. Кажете по некоја молитва за неговата мајка Карен и целото негово семејство и пријатели. Нежно срце и прекрасна душа која замина предвреме. Те сакам сине, биди во мир додека не се сретнеме повторно“, напиша Пипен.
Антрон Пипен играше колеџ-кошарка во Тексас А&M Универзитетот.
Спорт
Јуве, Интер и Милан не се откажуваат од Серија А

Јувентус, Интер и Милан инсистираат дека сакаат да продолжат да се натпреваруваат во Серија А и покрај одлуката да се приклучат на Суперлигата. УЕФА ги предупреди клубовите и фудбалерите кои се дел од овие 12 клуба, ќе бидат суспендирани од другите натпреварувања, вклучувајќи ги домашните натпревари, Европското првенство и Светското првенство.
Италијанската Лега Серија А имаше вонреден состанок денеска, а таму присуствуваа и претставници на овие три клуба.
„Клубовите основачи ќе продолжат да се натпреваруваат во домашните натпреварувања и до активирањето на Суперлигата, Јувентус е подготвен да се натпреварува и во европските натпреварувања во кои ќе се квалификува“, се вели во соопштението на Јувентус.
Спорт
Навивачите на Ливерпул бараат крај на сезоната, ќе ги отстранат банерите од Коп

Навивачките групи на Ливерпул, вклучувајќи ја славната „Духот на Шенкли“ (Spirit of Shankly) потврдија дека планираат да ги отстранат сите банери од Коп и побараа сезоната во Премиер лигата да биде прекината поради одлуката на своите миленици да влезат во Европската Суперлига.
„Која е поентата да се продолжи оваа сезона? Тие кои се одвоија избраа да не мораат да се квалификуваат за елитните натпреварувања. Тие влегуваат во затворена продавница, приватен клуб за богатите. Нема да има дополнителна консултација или односи со клубот. Знамињата и банерите кои го промовираа ЛФЦ и новата поддршка ќе бидат отстранети од Коп“, велат од здружението на навивачи.
Покрај ова, тие најавија заедничка иницијатива со навивачките групи на ривалските клубови од шесте англиски клуба кои решија да влезат во Суперлигата.
European Super League : a statement.
Link: https://t.co/y6XNAFRmaF@LiverpoolDSA @LFC_LGBT @LFCWSC @SpionKop1906 @LFCSupCom pic.twitter.com/VyK9gu2dVN
— Spirit of Shankly (@spiritofshankly) April 19, 2021
A joint statement from us & other supporter groups representing the so called ‘Big Six’ on #ESL plans@MU_ST @AST_arsenal @THSTOfficial @WeAre1894 @ChelseaSTrust @WeAreTheFSA @FansEurope#EnoughIsEnough #NoToEuropeanSuperLeague pic.twitter.com/bZ1GRnFAbD
— Spirit of Shankly (@spiritofshankly) April 19, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш