Спорт
Тунис пресилен за Македонија, не успеа камбекот во второто полувреме
Македонската ракометна репрезентација доживеа нов пораз на Светското првенство во Полска и Шведска, откако тимот на Кирил Лазаров налета на мотивираната солидна репрезентација на Тунис, која на крајот славеше со 33:27. Во последното коло од Президент купот, утешното натпреварување за пласман, Македониа игра со Мароко, кој денеска минимално го совлада Алжир со 28:27.
Тунис почна фантастично во мечот, стигнувајќи до предност од 5:0, која подоцна македонската репрезентација успеа да ја намали на два гола разлика (14:16). Во второто полувреме, со малку подобра игра, успеавме да ја достигнеме оваа предност и дури да стигнеме до водство од 21:20, но потоа, падна концентрацијата во нашата игра, посебно во одбраната, каде што немавме многу решенија за на крајот да доживемее уште еден пораз.
Филип Кузмановски и Дејан Манасков го завршија мечот со 8 постигнати голови, додека кај Тунис, незапирлив беше Мохамед Дармул со осум гола.
Во главната фаза, Норвешка со 30:17 го декласираше Катар за сигурен пласман во четврт-финалето, додека Хрватска правеше гол-разлика против Белгија, стигнувајќи до 34:26 победа.
СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Србија – Аргентина 28:22 (12:10)
Катар – Норвешка 17:30 (9:14)
Холандија – Германија 20.30 ч.
ГРУПА 4
Бахреин – Египет 22:26 (9:13)
Хрватска – Белгија 34:26 (21:23)
САД – Данска 20.30 ч.
ПРЕЗИДЕНТ КУП
Алжир – Мароко 27:28 (15:13)
Македонија – Тунис 27:33 (14:16)
Фото:РФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

