Спорт
Туре пак контра Гвардиола: Време е за нов тренер во Манчестер сити
Јаја Туре смета дека мора да се постават прашања за иднината на Пеп Гвардиола во Манчестер сити по нов неуспех во Лигата на шампионите велејќи дека е време за промени.
Каталонскиот тренер беше именуван на чело на „граѓаните“ во 2016 со главна цел да се донесе европска слава на „Етихад“ откако претходно успеа да ја освои Европа со Барселона. Сепак, по поразот од Лион во четврт-финалето, Туре, кој помина осум години во клубот (2010-2018), вели дека мора да се постави прашањето за иднината на Гвардиола во тимот.
„Менаџерот беше донесен токму за тоа, да го донесе овој трофеј и кога ќе видите како Ливерпул и други тимови што успеваат во Европа, без многу потрошени пари, тоа е разочарувачки и, пред сè, многу чудно. Во моментот тој не го прави тоа за што беше донесен. Сите знаат дека Пеп е голем менаџер, но во моментот работите не одат најдобро и можеби промената е добра работа. Ќе видиме“, вели 37-годишниот Туре, кој е без клуб по заминувањето од кинескиот Кингдао хуангхаи во јануари.
Тој имаше конфликт со Гвардиола во Барселона и во Сити и пред две години изјави дека мислењето оти Каталонецот е еден од најдобрите тренери во историјата е само мит.
„Пеп сака да доминира и да има верни играчи што му лижат од рацете. Мене тоа не ми се допаѓа. Секогаш го почитувам тренерот, но не така. Другите нема да го признаат тоа, но многумина го мразат бидејќи манипулира и се игра со твојата глава. Тој не ми зборуваше, а јас зборувам каталонски, шпански и англиски. Би требало да биде доволно“, изјави во 2018 Туре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

