Спорт
Ѓоковиќ го сели турниот од Белград во Атина
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е во напредни преговори со Панатијаикос во врска со организацијата на АТП-турнирот.
Како што објави грчката СДНА, турнирот од серијата АТП 250 треба да се одржи од 2 до 8 ноември во атинската „ОАКА арена“.
Грчките медиуми пишуваат дека главна цел на јунската посета на Ѓоковиќ на грчката престолнина била префрлање на АТП-турнирот од Белград во Атина.
„Како што е познато, односите на Новак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на 38-годишниот тенисер за протестите против режимот. Поради ова, семејството на Ѓоковиќ ги виде и модерните можности на арената ОАКА“, пишува „СДНА“.
За сè беше информирана и Евролигата, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека трае турнирот.
Од 1994 година, тениски турнир од ова ниво не е одржан во Атина. За прв пат, спортски настан на високо ниво, кој не е кошаркарски натпревар, треба да се одржи во „ОАКА Арената“, која се наоѓа во рамките на Олимпискиот комплекс во Атина. Планирано е натпреварите да се одржуваат на тврда подлога, под која има LED екран, кој се користи и за време на натпреварите на Панатинаикос.
АТП турнирот во Белград досега се одржа двапати. Првото издание во 2021 година го освои Ѓоковиќ, кога беше подобар од Алекс Молчан во финалето, а второто издание се одржа во 2024 година. Тогаш победи Канаѓанецот, Денис Шаповалов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

