Спорт
Турската Супер лига ќе продолжи на 19 декември
Фудбалското првенство на Турција, кое во понеделникот го прекина претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, ќе продолжи на 19 декември, соопшти денеска претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ).
Турскиот шампионат беше прекинат откако претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, го нокаутира судијата Халил Умут Мелер по завршувањето на натпреварот против Ризеспор.
Уште неколку луѓе заедно со Коџа влегоа на теренот и му зададоа удари на судијата додека тој лежеше на тревата. Судијата Мелер заврши во болница, од која во средата беше отпуштен.
Коџа и уште двајца мажи беа уапсени и спроведени во притвор. По инцидентот Коџа му се извини на судијата и најави дека ќе поднесе оставка на претседателската функција во Анкарагучу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил в лице му кажа на Јокиќ дека не трабаше да биде МВП
Никола Јокиќ и Шекил О’Нил имаа интересен разговор, откако српскиот кошаркар по трет пат беше прогласен за МВП на НБА.
О’Нил смета дека Шеј Гилџис-Александер требало да биде МВП и тоа в лице му го кажа на најдобриот играач на Денвер Нагетс.
„Џокер, како претседател на Здружението на центри, ти си потпретседател на Здружението. Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам, но сакам прво да слушнеш од мене Мислам дека Шеј требаше да биде МВП.
„Благодарам, Шек. Не ги осудуваме луѓето овде, знаеш, така што е во ред. Тоа е твое мислење. Само се шегувам”, рече центарот на Денвер со насмевка.
О’Нил тогаш подвлече дека нема ништо против него.
„Те сакам, ги сакам твоите браќа. Едно нешто што секогаш ќе правиме е да бидеме искрени еден со друг. Честитки. Те сакам”.
Јокиќ му одговори:
„Не, сериозно, мислам дека има многу луѓе, многу играчи кои го заслужуваат ова. Знаете, веројатно се мали нешта и ситници. Но, зад нас е тежок период. Загубивме два натпревари дома од Минесота. Утре одиме во Минесота да се обидеме да ја вратиме серијата дома“.
Спорт
(Видео) Анчелоти: Се жалат за офсајдот? Ние се жалиме за поништениот гол на Начо
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчалоти им одгови на ривалите од Баерн, кои имаат поплаки на судењето. Во 13.минута од судискоот надополнување, Де Лихт постигна гол за 2.2, но неколку секунди претходно помошникот на судијата Марчињак го крена знаменцето, поради што главниот судија ја прекина играта.
Баварците се лути, сметаат дека според правилата судијата требало да пушти акцијата да заврши па потоа да бара помош од ВАР собата. Од таборот на Баерн тврдат дека по мечот добиле извинување од помошникот на Марчињак.
„Полемиката околу офсајдот лесно може да се објасни. Можеби не беше офсајд, но се слушна свирчето на судијата и ние застанавме. Тоа е тоа“, изјави тренерот на Мадрид и дополни:
„Во Баерн се жалат на офсајдот? Добро, тогаш се жалиме за поништениот гол на Начо. Мислиме дека Кимих глумеше“, изјави Анчелоти.
Спорт
(Видео) Милер: Ова ми се случи во 2017 година кога Роналдо ни даде два гола од офсајд
Баерн испадна од Реал во полуфиналето, но прашање една ситуација долго ќе се прераскажува и ќе биде тема на расправи во фудбалските кругови. Во 13.минута од судиското надополнување на времето, Де Лихт постигна гол за 2:2, кој беше поништен бидејќи неколку секунди претходно се слушна свирчето на судијата Марчињак.
Суитуацијата во која беше Де Лихт е дискутабилна, гранична, но во моментот кога топката беше упатена помошникот на Марчињак го крена знаменцето, сигнализираше офсајд.
Залудни потоа беа протестите на фудбалерите на Баерн, Марчињак не можеше да се консултира со ВАР собата бидејќи играта беше прекината пред да биде постигнат голот.
„Не сакам да кажам дека Реал Мадрид секогаш ги има судиите на своја страна, но тоа ја направи разликата денес“, рече Де Лихт и додаде:
„Мислам дека сите ги знаеме правилата. Доколку ситуацијата не е јасна, не смеете да ја прекинувате акцијата! Тоа е правилото! Сметам дека тоа е малку срамно. И голот на Хоселу беше на работ на офсајд и им беше дозволено да ја продолжат акцијата, зошто тогаш не ни дозволија да ја продолжиме акцијата?“, гласно прашува холандскиот фудбалер.
„Тоа беше луда судиска одлука. Не знам што му помина низ главата“, изјави Томас Милер.
„За жал, ова се случува многу често во Мадрид. Тоа веќе ми се случи во 2017 година кога Кристијано Роналдо постигна два гола од офсајд, но тогаш немаше ВАР“, дополни легендарниот играч на Баерн.
Од Баерн тврдат дека помошникот на Марчињак, Томаш Лискиевиќ им се извинил по натпреварот за направената грешка.
„Тој свирна, што значи дека ВАР не можеше да интервенира бидејќи тоа се случи пред голот. Судијата рече дека е негова вина. Не паѓаме на такви глупости. Сите видовме германското финале. Сите освен полските судии. Тој ја призна грешката и се извини, но што да правиме со неговото извинување?”, рече спортискиот директор на Баерн, маркс Еберл.
„Што мислам за „Сантијаго Бернабеу“? Да речеме дека има голем ефект врз судиите“, изјави по натпреварот тренерот на Баерн Томас Тухел и додаде:
„На крајот дури и постигнавме гол за продолженија, но не уништи катастрофална одлука на линискиот и главниот судија. На крајот се чувствувам изневерен. По натпреварот помошниот судија ни кажа дека му е жал поради одлуката што ја донел, но тоа не ни помага многу во овој момент.“