Спорт
Турскиот репрезентативец е замената за Харт во Селтик

Селтик на крајот на сезоната ќе се раздели со голманот Џо Харт и според „Сан“ ќе го ангажира од Трабзон турскиот репрезентативен голман Угурџан Чакир.
Голамнот имал онлајн средба со менаџерот Селтик, Брендан Роџерс и наскоро ќе замине во Глазгов на финални преговори. Селтик, како што уверува британскиот таблоид, за 28-годишниот голман издвоил 8,75 милиони евра.
Договорот на Чакиру со бордо-сините истекува во јуни 2027. Сезонава одигра 33 натпревари во сите конкуренции, на десет успеа да ја зачува мрежата и прими 40 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Досега 20 репрезентации изборија пласман на СП

Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес.
Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 репрезентации, Африка девет, Азија осум, Јужна Африка шест, Океанија една и Северна Америка шест, вклучувајќи ги и трите селекции организатори.
Останатите две места ќе им бидат доделени на победниците на новиот интерконфедерациски турнир.
Досега, 20 репрезентации изборија пласман на Светското првенство.
Африка: Алжир, Египет, Мароко, Тунис
Европа: сè уште никој
Азија: Австралија, Иран, Јордан (дебитант), Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант)
Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај
Океанија: Нов Зеланд
Северна Америка: Домаќини, САД, Канада и Мексико
Интерконфедерацискиот куп е турнир што ќе се одржи во Северна или Централна Америка во март 2026 година (домаќинот ќе биде одреден подоцна). Всушност, станува збор за два мини-турнира на кои ќе учествуваат вкупно шест екипи, по три во секој.
На турнирот ќе учествуваат по еден претставник од секоја континентална асоцијација, освен УЕФА, додека КОНКАКАФ (Северноамериканската конфедерација) ќе добие два тима на тој турнир.
Три екипи ќе го играат турнирот на таков начин што оној што е најдобро пласиран на листата на ФИФА ќе чека во финалето. Останатите два тима ќе играат во полуфиналето.
Победниците на мини-турнирот (вкупно две репрезентации) на овој начин ќе стигнат до Светското првенство.
Засега е познат само еден учесник – Нова Каледонија, која беше втора во квалификациите во Океанија. Јужноамериканскиот претставник на тој турнир ќе биде седмопласираната екипа во квалификациите. Другите континенти ќе организираат плејоф во кој репрезентациите ќе се борат за место на завршниот турнир каде што ќе бидат поделени последните визи за Светското првенство.
Спорт
Македонија вечерва гостува во Белгија – Селекторот најавува борба за секоја топка

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Македонија во Белгија дојде како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд.
Тој верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе.
„Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата пред натпреварот.
Вечерва, Македонија и Блегија ќе го одиграат шестиот меѓусебен дуел. Претходните дуели беа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 1996 година и Светското првенство во 2014 година.
Белгија има три победи, два натпревари завршиле нерешено, првиот пред три децении, кога во Брисел Македонија одигра 1:1, со идентичен резултат заврпи и дуелот во Скопје одигран во јуни оваа година. Гол разликата е 10:2 во корист на Белгија.
Македонија со 11 поени од пет одиграни натпревари е лидер во Ј групата, Белгија има бод и натпревар помналку, Велс е на третото место со 10 поени (пет одиграни натпревари). Без шанси за пласман на Мундијалот се Казахстан (три бода) и Лихтенштајн (без бодови).
Foto/ ffm.mk
Спорт
Сполстра е новиот селектор на САД

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.
Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.
Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.
Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.
Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.
Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.
Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот.