Спорт
„Тутоспорт“: Сари на местото на Алегри во Јуве, Тен Хаг се сели во Лондон

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ денеска објави дека на клупата на Јувентус на лето може да седне стратегот на Челси, Италијанецот Маурицио Сари, додека пак неговото место ќе го заземе тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.
Според пишувањето на весникот, прв избор за челниците на „Старата дама“ за кормилото на клубот беше Пеп Гвардиола, но тој летоска нема намера да ја менува средината.
Иако доаѓањето на Сари во Торино барем засега е само идеја, од „Тутоспорт“ уверуваат дека челниците на италијанскиот шампион ќе се обидат да го донесат во клубот.
Овој 60-годишен стратег три години го водеше Наполи и двапати завршуваше зад Јувентус. Неговото место кај „сините“, според пишувањата, би требало да го заземе Тен Хаг кој со Ајакс несреќно беше елиминиран во полуфиналето на ЛШ од Тотенхем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Бункерот“ на Гвардиола не издржа, Мартинели во 93-та минута му донесе бод на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер сити ремизираа 1:1 (0:1) во дербито на 5-то коло од англиската Премиер лига.
Над сите очекувања, во Лондон беа видени „само“ два гола, а првиот падна во рана фаза, во 9-та минута. Ерлинг Халанд го започна и заврши одличниот контранапад на „Граѓаните“.
Тоа беше шестиот гол на Норвежанецот во пет одиграни натпревари во Премиер лигата и продолжение на феноменалната серија оваа сезона.
Сити играше добро, неговите играчи не испаѓаа, не грешеа, па може да се каже дека Гвардиола беше на пат кон победа со тактиката „ала Жозе Мурињо и Чоло Симеоне“.
„Топџиите“, беа најблиску до изедначување во судиското продолжение од првото полувреме кога Нони Мадуеке шутираше во поблискиот агол, но Донарума годбрани.
Арсенал започна многу офанзивно во продолжението, но не направи ништо значајно освен опасните шутеви на Мартин Зубименди и Еберечи Езе.
Сити водеше се до третата минута од судиското продолжение. Тогаш прв пат испадна одбраната на Сити, а Габриел Мартинели го фати Донарума на „ничија земја“ и маестрално го лобуваше од 14 метри за конечни 1:1 и екстаза на „Емирати“.
На ремито најмногу се радуват во Ливерпул. „Црвените“ се лидери со максимални 15 поени, а големите конкуренти Арсенал и Сити имаат 10 односно седум поени.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Рашфорд сака да остане во Барселона

Маркус Рашфорд беше човекот на одлука во првиот натпревар на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите.
Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена.
Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на позајмица во Барселона, но би сакал да остане таму.
Познато е дека Рашфорд не се раздели со Аморим и раководството на најдобар начин. Прво беше испратен на позајмица во Астон Вила, сега во Барселона, бидејќи повеќе не сметаат на него на „Олд Трафорд“. Сепак, има еден проблем.
Барселона сè уште има големи финансиски проблеми и големото прашање е дали ќе можат да си дозволат да го откупат договорот на Рашфорд, се разбира, ако одлучат да го откупат.
Спорт
(Видео) Атлетико се самоуништи во Мајорка, „јорганџиите“ ја продолжија лошата серија

Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во петтото коло, во Ла Лига. Двата тима имаа лош старт на сезоната, мајорка се уште е без победа, додека Атлетико само еднаш победи во првите пет рунди.
Атлетико се самоуништи на „Сан Моиш“. Доминираа „јорганџиите“ во најголемиот дел од натпреварот, имаа посед 80-20, но не успеаја да го совладаат Лео Роман.
Во првите 14 минути, Бариос ја погоди стативата, а потоа Роман му одбрани пенал на Хулијан Алварез. До крајот на полувремето добра шанса пропушти и Симеоне.
Во вториот дел уште една брилијантна одбрана на Роман против Хулијан Алварез, а потоа шок за гостите. Александер Сорлот во 72.минута, по интервенциј од ВАр собара доби црвен картон.
Сепак со играч помалку Атлетико постигна гол, по акцијата на Љоренте, Роман ја одби топката, на која налета Галагер и од 14 метри го погоди голот.
Радоста на „јорганџиите“ страеше само шест минути, кога Муричи, одлично скокна по центрашутот на Виргили и го изедначи резултатот.