Спорт
Убедлив триумф на Зутер во Гармиш Партенкирхен

Карин Зутер забележа убедлива победа во трката во спуст, која се возеше во Грмиш Партенкирхен. Швајцарката победи со време 1:40.74 минути.
Зутер славеше со 51 стотинка подобро време од сонародничката Јасмин Флури (1.41.25). Третото место го освои Корнелија Хутер од Австрија (1:41.52).
Во поредокот за спуст, водечката позиција ја задржа Софија Гоџа. Италијанката има 400 бодови, 63 повеќе од Зутер, додека на третото место е Рамона Сибенхофер од Австрија со 278 поени.
Лидекта во вкупниот пласман во Светскиот куп е Микаела Шифрин со 1.026 поени. Американката има само 17 поени повеќе од Петра Влхова од Словачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Започна меѓународниот пинг понг натпревар, нашите го имаа првиот настап

Во салата Јане Сандански во Скопје започна меѓународниот пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025.
Претставниците на Македонија настапија во поединечна категорија и во мешани двојки, додека натпреварот пречека околу 100 учесници. Се играат две возрасни категории – до 15 и до 19 години.
Натпреварите ќе се одвиваат до недела од 9:30 до 21:00 ч. Влезот е слободен.
Претседателот на Пинг погнарската федерација Славко Пројкоски и потпретседателот Златко Рикалоски денес беа дел и од манифестацијата за доделување на државната награда „8 Септември“ на заслужни спортисти и спортски работници.
Спорт
Домашен настап и Светско Првенство – Даниела Алексоска сo 2 борби во 13 дена

Даниела Алексоска ќе влезе во кафезот двапати во рок од само 13 дена.
На 14-ти септември ја очекува борба против Флaцеа Алда од Молдавија, на спектакуларниот настан ARMMADA 14, кој ќе се одржи во Скопје, во Јане Сандански Арена, со почеток од 19:30 часот. Ова ќе биде нејзиното прво појавување пред домашната публика.
Веднаш потоа, на 27-ми септември, Алексоска ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, во категорија 52.2 кг, каде е рангирана како #3 во светот, благодарение на својата доминација и освоеното злато на Европското ММА Првенство.
„Ваквиот подвиг е толку редок што дури и на најголемата светска ММА сцена – UFC – само неколикумина борци, како Доналд “Cowboy” Сероне и Хамзат Чимаев, се осмелиле да прифатат толку голем предизвик“, велат од Македонската ММА Федерација.
Додаваат дека она што Алексоска ќе го направи – борба пред домашната публика на најголемиот ММА настан во историјата на Македонија, а потоа светско првенство за само две недели – ја прави единствената на Балканот што прифатила ваков предизвик на толку високо ниво.
Алексоска веќе има историја на тестирање на сопствените граници. Минатата година (2024), на 2-ри ноември, таа го освои златниот медал на престижното АДЦЦ Јужноевропско Првенство во Белград, Србија, а само три дена подоцна настапи на Светското ММА Првенство во Ташкент, Узбекистан, каде успеа да се закити со бронзен медал.
Ова е доказ за храброст, и професионализамот на Даниела, и нејзиниот тим “The Strongest”.
Билетите за ARMMADA 14 се достапни на ticketx.com.mk.
Спорт
Даниел Рикардо дефинитивно се пензионира

Австралискиот возач Даниел Рикардо го објави своето пензионирање. Она што практично беше најавено пред една година, сега е официјализирано.
Легендарниот Австралиец Даниел Рикардо се пензионира. Тој беше дел од караванот на Формула 1 од 2011 до 2024 година. Во својата кариера возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено, Мекларен, Алфа Таури и Рејсинг Булс.
Возеше 257 трки, забележа осум победи (седум во Ред Бул, една во Мекларен), 32 подиуми и освои вкупно 1.329 поени.
Негов најдобар резултат беше додека возеше за Ред Бул помеѓу двајцата големи шампиони Себастијан Фетел и Макс Верстапен. Во тој период, двапати беше трет во генералниот пласман.
Последната трка ја возеше минатата година во Сингапур за Рејсинг Булс.