Спорт
УЕФА ги менува плановите за ЕП
УЕФА го одложи Европското првенство, а до крајот на месецот треба да го потврди списокот на градови домаќини. Не е исклучено да дојде до некои промени во самата организација на континенталниот шампионат.
Пандемијата што ја предизвика коронавирусот ја натера УЕФА првенството наместо оваа да се одржи наредната година. Планот на УЕФА е натпреварите да бидат одиграни во 12 градови, меѓутоа поради новонастанатата ситуација, некои од нив се под знак прашалник.
Како што пишува „Дејли мејл“, Фудбалските сојузи на Италија и Шпанија се сомневаат дека Рим и Билбао ќе можат да бида домаќини. Овие две земји се најмногу погодени со коронавирусот.
УЕФА потврди дека Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули наредната година, а на состанокот закажан за 30 април ќе треба да ги потврдат градовите каде што ќе се играат натпреварите.
Покрај Рим и Билбао, натпревари на ЕП треба да се играат во Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен и Санкт Петербург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенербахче води во трката за потписот на Шортс

Третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Евролигата по се изгледа беше последен за Ти-Џеј Шортц во Париз.
Порталот „Eurodevotion“, наведува дека Американецот со македонски пасош, во моментов има премногу профитабилни понуди за да остане во тимот на Париз.
Леворакиот плејмејкер играл за (наводно) 450.000 евра оваа сезона, а овој извор најавува дека лесно би можел да потпише за четири до пет пати поголема сума ова лето.
Истиот портал објавува дека во моментов Фенербахче води конкретни преговори со менаџерот на Шортс.
Покрај Фенербахче. заинтересирани за Шортс се: Олимпија Милано, Барселона, Панатинаикос и Анадолу Ефес.
Спорт
Инциденти на „Пољуд“ и низ улиците во Сплит

Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук.
„Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти.
Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше.
„Далматински Портал“ пишува дека на улиците околу „Пољуд“ во тек се масовни тепачки меѓу навивачите и полицајците.
Полицијата со кратко соопштение објави дека „по завршувањето на фудбалскиот натпревар, за време на полициските акции надвор од стадионот, поголема група луѓе ги нападнала полицајците“, беше наведено и додадено:
„Јавниот ред и мир се воспоставени. Полициската акција на терен и апсењето на лицата се во тек“.
Хајдук претрпе тежок пораз пред 32.111 навивачи против најголемиот ривал Динамо (1:3), кој по седум месеци повторно е лидер во хрватскиот шампионат.
Спорт
(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари.
Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката.
Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното возило, спринтот конечно започна.
Charles Leclerc hits the wall!! 😱
With rain falling heavily, Leclerc sustains heavy damage on his way to the grid after contact with the wall#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/XGiaxPPuBq
— Formula 1 (@F1) May 3, 2025
Кими Антонели ја загуби првата позиција во првиот свиок. Оскар Пјастри нападна агресивно, практично принудувајќи го Антонели да помине широко, па освојувачот на пол-позицијата веќе беше зад двата Мекларена и Макс Ферстапен.
Во 13-от круг возачите почнаа да влегуваат во боксот за да менуваат гуми.
Прво, Ферстапен го удри Антонели при излегување од местото за менување гуми, поради што беше и казнет, а остана и без предно крило. Ферстапен беше казнет со 10 секунди.
Лиам Лосон направи грешка и таа грешка го чинеше Фернандо Алонсо, кој оштети својот автомобил. Карлос Саинц остана без тркало…
Општиот хаос во Мајами го дополни Пјастри кој пресече дел од патеката во 13-от круг, направи грешка и на крајот го загуби првото место во борбата со својот клупски колега Ландо Норис.
Како што започна, со безбедносно возило, спринтерската трка заврши поради остатоци на патеката.
Четвртото место му припадна на Албон, петтото на Расел.
Строл се најде на седмото место, а по него следуваа Лосон, Берман, Цунода кој стартуваше од последното место и Антонели.
Макс Ферстапен беше четврти, но поради казната заврши последен, 17-ти.
Квалификациите за трката во недела се закажани за 22 часот.