Спорт
УЕФА ги одреди судиите за првите четвртфинални натпревари

УЕФА ги одреди арбитрите што ќе ги судат првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. На два од нив правдата ќе ја делат шпански судии.
Вечерашниот натпревар на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Порто ќе го суди Антонио Мигел Лахоз, а утре неговиот сонародник Дел Серо Гранде ќе биде главен судија на натпреварот во Амстердам помеѓу Ајакс и Јувентус.
Главен судија на англиското дерби Тотенхем-Манчестер сити ќе биде Холанѓанецот Бјорн Кујперс, а дуелот на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Барселона му е доделен на Италијанецот Џанлука Роки.
Сите натпревари ќе почнат во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мициќ би можел да го пропушти Евробаскетот

Вечерва во 20:45 часот, Србија ќе игра против Чешка на подготвителниот кошаркарски турнир Суперкуп во Минхен. Ден потоа, српската репрезентација ќе игра против победникот или поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Турција.
„Германија го освои првенството тука во 1993 година. Јас живеам во Минхен, во близина на новата, прекрасна сала, можеби најдобрата во Европа. Минхен е, можам да кажам, мојот град. Сега сум повеќе во Србија од познати причини, но кога ми треба мир, тогаш доаѓам тука“, рече српскиот селектор Светислав Кари Пешиќ.
Поради повреди, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ не отпатуваа во Германија, а најголемата мистерија за селекторот е состојбата на Василије Мициќ.
„Не е сјајно. Смаилагиќ и Трифуновиќ сè уште не се подготвени за тренинг. Се обидуваме со Васа да го вратиме, но не оди според планот, како што предвидовме. Васа се обидува, се обидува малку, но сè уште е чувствува болка. Ќе видиме, во следните неколку дена ќе мора полека да носиме одлуки, но главно останатите играчи се добро.
Продолжуваме да тренираме, да работиме. Секако, сме загрижени за овие повреди. Морам искрено да кажам, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е.“
Мициќ е долгогодишен член на националниот тим. Својата кариера ја изгради во Европа, а најголемиот успех го постигна со Анадолу Ефес, со кого ја освои Евролигата во 2021 и 2022 година, заедно со наградите за најкорисен играч во сезоната и Фајнал Фор во 2021 година.
После тоа, се пресели во НБА. Откако настапи за Оклахома Сити Тандер, Шарлот Хорнетс и Феникс Санс, се врати во Европа, во израелскиот Хапоел.
Спорт
Ромуло за 20 милиони евра се пресели во Лајпциг

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг.
Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси.
Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе.
Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешеко, кој овој месец се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер што би можел да достигне 85 милиони евра.
Лајпциг ја започнува новата сезона со Куп натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во сабота, пред да го започне Бундеслигата, во првото коло ќе Лајпциг ќе игра против шампионот Баерн Минхен на 22 август.
Фото/ Принтскрин