Спорт
УЕФА го менува квалификацискиот систем – Можно е ЕУРО без домаќините
Поради новиот квалификациски систем, можно е Европското првенство во 2028 година да се одржи без учество на домаќините. Англија, Ирска, Шкотска, Велс исто така ќе мора да го обезбедат своето место на Европското првенство преку квалификациите.
Извршниот комитет на УЕФА се состана во Билбао за да одлучи по кој систем ќе се играат квалификациите за континеталниот турнир во 2028 година.
Резултатот од состанокот е усвојување на нов систем, кој ќе ги намали шансите на Србија за приклучување кон еврозоната.
Како ќе изгледа новиот систем за квалификации?
УЕФА се погрижи да им обезбеди олеснителни околности на споменатите селекции и да им обезбеди две загарантирани места на првенството.
Затоа, доколку ниту една од четирите екипи не е меѓу директните патници на Европското првенство преку пласман во групата, двете најдобро пласирани репрезентации на организаторите автоматски ќе бидат квалификувани.
Доколку само една од споменатите национални селекции успее да се пласира на ЕП со добри партии во групата, следните две најдобро пласирани исто така ќе остварат директен пласман. Во тој случај, еден домаќин ќе го пропушти шампионатот на Стариот континент.
За да можат сите домаќини да учествуваат, две од четирите репрезентации мора да бидат меѓу првите 20 во групите. Ова би значело дека двата тима кои не се квалификувале за Европското првенство, сепак ќе ги пречекаат најдобрите европски тимови дома.
Друга новина е бројот на национални тимови по група. Наместо претходните пет и шест екипи, групите ќе бидат составени од по четири или пет екипи.
Лидерот на секоја од 12-те групи ќе обезбеди директно пласман, како и осумте најдобри второпласирани екипи. Досега, првите две екипи од секоја група имаа заверен билет за Европското првенство, додека третопласираните екипи одеа во баражот.
Останатите репрезентации ќе се борат за преостанатите места преку плејофот.
Четирите „најлоши“ второпласирани екипи ќе бидат таму, заедно со првопласираните победници од групите во Лигата на нации кои нема да обезбедат пласман на ЕП преку квалификациските групи.
Во зависност од тоа колку домаќини ќе се квалификуваат за првенството, осум или 12 екипи ќе учествуваат во плејофот, кои ќе се натпреваруваат за две, три или четири места на Европското првенство.
Следното првенство на Стариот континент ќе се одржи од 9. јуни до 9. јули 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

