Спорт
УЕФА ќе соработува со Европол во борбата против местење мечеви

Европската куќа на фудбалот УЕФА оддржа конференција со Европол, заедничката европска полиција за да се договара соработка во борба против местењето мечеви во фудбалот.
Вкупно 109 полициски и судски власти се сретнаа со 49 фудбалски асоцијации во Ден Хаг во прва ваква соработка со која се надеваат дека ќе се сузбие корупцијата во спортот објавувајќи дека ќе се работи на „идентификување на нови постапки за истрага за спортската корупција и местењето мечеви“.
„Денеска, повеќе од било кога претхоно, европскиот фудбал и полициските власти мораат да останат обединети за да го спречат нашиот спорт од чумата на местење на мечеви, со имплементација на заеднички проекти и споделување информации“, изјави Винсент Вен, шефот на УЕФА за борба за местење мечеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Му успеало со Мбапе: Емирот на Катар ќе го убедува Зидан да седне на клупата на ПСЖ

Емирот на Катар лично ќе има преговори со француската фудбалска легенда Зинедин Зидан и ќе се обиде да го убеди да го преземе кормилото на Пари Сен Жермен. Тоа истото претходно го направил и со Килијан Мбапе, на кого му објаснил дека францускиот првак ќе доминира во светот на фудбалот во наредната деценија.
Емирот Тамим бин Хамад Ал Тани во наредните неколку дена ќе го покани Зинедин Зидан во својата резиденција во Катар и ќе му ги образложи плановите на клубот.
Финансискиот дел од приказната се чини дека не е проблем, со оглед на моќта што ја има ПСЖ. Една од главните причини е што Зидан израсна во Марсеј и го носеше дресот на овој клуб во текот на кариерата, а тоа е „смртниот непријател“ на ПСЖ.
Спорт
Чиле го назначи Едуардо Берисо за нов селектор

Чиле го назначи искусниот aргентински стратег Едуардо Берисо за нов селектор на фудбалската репрезентација по неуспехот на селекцијата да се пласира на Светското првенство оваа година. Берисо доаѓа на местото на Мартин Ласарте, кој беше отпуштен во април откога Чиле ја пропушти завршницата на мундијалот во Катар.
Берисо (52) ја почна својата тренерска кариера како помошник на тогашниот селектор Марсело Биелса во 2007 година. Оттогаш тој беше тренер на аргентинскиот клуб Естудијантес, Севилја и на Атлетик Билбао во Шпанија, а до неодамна го предводеше Парагвај.
Неговите први натпревари на кормилото на Чиле ќе ги има следниот месец против Јужна Кореја и против Тунис.
Спорт
Мурињо е „фудбалскиот Цезар“ – Португалецот доби фантастичен мурал во Рим (ФОТО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо го донесе првиот европски трофеј за Рома, откако италијанскиот тим го совлада Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА. По ова, Мурињо стана „вечен“ во „вечниот“ град.
Фановите на Рома му посветија мурал – Мурињо насликан како Цезар.