Спорт
УЕФА му го одзеде финалето на Лигата на шампионите на „Сан Сиро“, се бара нов домаќин

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2027 година нема да се одигра на миланскиот Сан Сиро, како што беше првично планирано, официјално соопшти УЕФА.
По состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, така одлучија челниците на европската чадор фудбалска организација бидејќи градот Милан не можеше да гарантира дека дотогаш ќе биде завршено реновирањето на стадионот и неговата околина.
Во исто време, УЕФА најави дека повторно ќе го отвори натпреварувањето со цел да се најде соодветен домаќин и локација за тој финален натпревар. Одлуката за домаќинот најверојатно ќе следи во мај или јуни следната година. Финалето на тековната сезона во Лигата на шампионите ќе се одржи на минхенската „Алијанц Арена“ на 31 мај следната година, додека Будимпешта ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите една сезона подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал стекна минимална предност над Атлетико, Арсенал го прегази ПСВ во Ајндховен

Реал ја доби прввта осминафинална епизода против Атлетико на „Бернабеу“ со 2:1 „Мадрилењо“ го обележаа головите, особено оној на Хулијан Алварез. Вечерва Арсенал избори место во четвртфиналето откако со 7:1 во Ајндховен го победи ПСВ, додека без победник заврши дуелот во Дортмунд меѓу Борусија и Лил (1:1).
Актуелниот европски првак понеди со голвите на Родриго во четвртата и Брахим Дијаз во 55.минута. Голот за Атлетико е дело на Алварез во 32.минута
Во Мадрид вечерва градските ривали одиграа изедначен натпревар. Атлетико беше поразен, но сигурно има на што да се надева пред реваншот на стадионот „Метрополитано“ следната среда.
Арсенал се прошета низ Ајндховен, го понижи ПСВ. „Тобџиите“ работата си ја завршија во првите 30 минути кога постигнаа три гола. Стрелци беа Тимбер, Нванери и Мерино. Во финишот на полувремето Ланг ја намали предноста на гостите од пенал.
Во вториот дел шок за ПСВ на самиот старт, Одегард во 47. и Тросар во 48.минута зголемија на 1:5, посто Норвѓенецот го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Клафиори.
Финалистот од минатат сезона, Борусија Дортмунд не успеа да стекне предност над Лил по првиот меч. Водеа домаќините со голот на Адејеми во 22.минута, изедначи речиси во истата минута во вториот дел Харалдсон.
Реваншите се на програмата наредната среда.
Спорт
Торино сака да го откупи договорот на Елмас

Елиф Елмас, во јануари од Лајпциг се пресели на позајмица во Торино, одигра три натпревари постигна два глола со што ги натера првиот човек на клубот, Урбано Каиро да му наложи на спортскиот сектор да ги започне преговрите со Германците за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец.
Елмас, во јануари 2024 година од Наполи се пресели во Лајпциг, за 24 милиони евра, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Марко Росе. Во есенскиот дел од сезоната одигра само 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.
Незадоволен од статусот побара клубот на позајмица, го одбра Торино и не згреши.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Спортскиот сектор на „биковите“ ќе ги стартува преговорите со Лајпциг и ќе се обиде да ја намали сумата која германскиот клуб ја бара како обесштетување.
Спорт
(Видео) Бриж се самоуништи, Астон Вила со една нога е во четвртфиналето

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија.
Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го отвори резултатот. Домаќинот експресно реагираше и девет минути подоцна де Кајпер го изеднач резултатот.
Талби во 32.минута имаше можнос да напраби пресврт, меѓутоа Мартинес го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел уште две озвонредни шанси за Клуб Бриж. Ударот со глава на капитенот Ванакен заврши до стативата, а потоа Цолис од чиста позиција биеше високо над голот.
Казната за овие нереализирани шанси беше брутална. Искусниот Мехеле си постигна автогол во 82.минута, а шест минути подоцна Цолис наовно направи пенал кој го реализираше Асенсио.
Реваншот во Бирмингем се игра наредната среда.