Спорт
УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Европската куќа на фудбалот строго го казни Хрватскиот фудбалски сојуз за инцидентите предизвикани од неговите навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција.
Во март, Хрватите го добија првиот натпревар со 2:0, но загубија во реваншот со ист резултат, а по изведувањето пенали во Париз беа елиминирани од понатамошното натпреварување.
Според извештаите на УЕФА, хрватските навивачи извршиле расистички и дискриминаторски испади, за што сега се казнети со висока казна, во вкупен износ од 93.000 евра.
Поради првиот натпревар, 32.000 евра, од кои 10.000 евра за пиротехника, 8.000 евра за употреба на ласери и 14.000 евра за блокирани премини.
За натпреварот во Париз, 25.000 евра за пиротехника, 8.000 евра за предизвикана штета. Хрватскиот сојуз ќе мора да ја плати штетата на стадионот „Стад де Франс“.
Исто така, следниот домашен натпревар Хрватска ќе го игра пред празни трибини, а за следниот натпревар на гостински терен ќе биде забранета продажбата на билети за нивните навивачи.
Овие забрани се однесуваат на натпревари под надлежност на УЕФА, односно за новото издание на Лигата на нации, за кои е изречена дополнителна казна од 30.000 евра.
Вкупно, Хрватска беше казнета со дури 93.000 евра поради однесувањето на навивачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез сака да ги дознае плановите на Винисиус

Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите во клупскиот камп во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор (25) сè уште не ги напушта насловите страници. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпанските медиуми специјализирани за настаните во Реал. Имено, додека за време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно ја изрази својата желба да остане во клубот долгорочно, неговото однесување сугерира спротивно, според шпанските новинари.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, планира лично да се појави во клупскиот камп во Валдебебас следната недела, каде што, покрај посетата на тимот, ќе разговара и со Винисиус, објавува „Дефенса Централ“.
Причината е информацијата што протече во јавноста во последните недели, а се однесува на наводната желба на Бразилецот да има иста или поголема плата од Килијан Мбапе.
„Перез, познат по блискиот однос со Винисиус, сака да има искрен, личен разговор лице в лице со играчот за да дознае од прва рака што всушност планира и како ја гледа својата иднина“, пишува „Дефенса Централ“.
Според истиот извор, претседателот верува дека Винисиус грешил с тајмингот кога ги испорачал барањата.
Неговата моментална форма е далеку од онаа што го стави во конкуренција за Златната топка. Затоа Перез планира да го советува прво да го подигне нивото на својата игра на препознатливо ниво, а дури потоа повторно да седне на маса и да разговара за евентуално продолжување на договорот што трае до јуни 2027 година.
Спорт
Рафиња за Нико Вилијамс: Мислам дека е подобро што не дојде

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите беа интензивни, Барселона
закажа медицински прегледи, но одеднаш се случи нов пресврт.
Вилијамс повторно се предомисли и ја извести Барселона дека решил да ја продолжи соработката со Билбао. Овој потег ги изненади челниците на Барселона, кои беа шокирани од фактот дека Вилијамс повторно ги изигра.
За неуспешниот трансфер зборуваше и Рафиња, кого новинарите го прашаа за целата ситуација, а Бразилецот не го поштеди младиот човек од Билбао.
„Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука“, рече Рафиња и додаде:
„Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добрата работа е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Оние кои не сакаат, подобро е да не дојдат. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде“.
Спорт
Калум Вилсон во Вест Хем

Калум Вилсон ќе го носи дресот на Вест Хем следната сезона. Вилсон се согласи на едногодишен договор со „Чеканите“.
Вислон е слободен агент од крајот на претходната сезона и завршувањето на неговата соработка со Њукасл.
Вилсон одигра 130 натпревари за Њукасл и постигна 49 гола, но клубот и играчот не успеаја да се договорат за продолжување на соработката во сезоната 2024/25.
Триесет и тригодишникот одигра само 25 натпревари, само на два беше стартер.
Според Би-Би-Си, Вилсон имал неколку интересни понуди и од Премиер лигата и од МЛС, но конечната одлука била да се пресели во Вест Хем.