Спорт
УФЦ: Џон Џонс се направи ѕвер од 120 килограми!
Легеднарниот поранешен УФЦ-шампион, Џон Џонс, се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.
Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и видеото на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.
„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче и кога ќе се вратам во форма, ќе бидам опасен“, напиша Џонс.
Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020 по што се откажа од титулата и сега, најверојатно, ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.
I feel like I move pretty good for a fat boy, I believe I’ll be moving at my all-time best once I actually get in shape pic.twitter.com/qjEsXfShid
— BONY (@JonnyBones) February 26, 2021
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Решавачки ден во Лигата на шампионите
Ден за одлука во Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одигра последното коло во првата фаза.
Поради регуларноста, сите 18 натпревари ќе се играат вечерва од 21:00 часот.
На сите им требаат бодови, никој не е сигурен дека ќе остане на позицијата на која се наоѓа во моментов. Сигурно е само дека лидерот Арсенал и второпласираниот Баерн математички обезбедија место во Топ 8 пред последното коло.
Исто така, без шанси за пласман во нокаут фазата останаа Ајтрахт Фарнкфурт, Славија Прага, Виљареал и Каират Алмати.
Ова се двојките од последното коло:
Ајакс – Олимпијакос, Арсенал – Каират Алмати, Атлетик Билбао – Спортинг Лисабон, Атлетико Мадрид – Боде/Глимт, Барселона – Копенхаген, Баер Леверкузен – Виљареал, Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Интер, Клуб Бриж – Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем, Ливерпул – Карабаг, Манчестер Сити – Галатасарај, Монако – Јувентус, Наполи – Челзи, Пафос – Славија Прага, Пари Сен Жермен – Њукасл, ПСВ Ајндховен – Баерн и Унион Сент Жилоа – Аталанта.
Покрај Арсенал и Баерн, уште 13 тима обезбедија барем место во плејофот. Тоа се: Реал Мадрид, Ливерпул, Тотенхем, ПСЖ, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Сите споменати тимови ќе се борат во последното коло и за Топ 8. Реал, Ливерпул и Тотенхем сè уште не обезбедиле осминафинале, но ќе бидат носители во плејофот, доколку случајно испаднат од Топ 8 во последното коло.

Дербито на последното коло од осмото коло дефинитивно е дуел на стадионот со култното име „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, каде што актуелниот шампион на Италија ќе се сретне со Челзи.
Наполи е во тешка позиција, тие се први под линијата, но натпреварот е важен и за лондонските „сини“, бидејќи сакаат да останат во Топ 8 и да избегнат дополнителни плејоф натпревари.
Истото може да се каже и Бенфика, која спас бара против Реал Мадрид.
Бенфика е еден од двата поранешни европски шампиони меѓу најслабите 12 екипи на табелата. Вториот е Ајакс. Славните Холанѓани ќе бидат домаќини на Олимпијакос, последниот над линијата, во решавачкото осмо коло, на кого исто така му се потребни бодови.
Инаку, ждрепката за плеј офот и целата нокаут газа ќе се одржи во петок.
Спорт
Стерлинг (конечно) ќе си замине од Челзи
Рахим Стерлинг и фудбалскиот клуб Челзи конечно најдоа решение, според кое фдбалерот ќе замине од „Стенфорд Бриџ“.
Добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо објавува дека Стерлинг одлучил да го напушти клубот до крајот на оваа недела во договор со својот менаџер и раководството Челзи.
Напаѓачот има неколку понуди, но сè уште не одлучил каде сака да ја продолжи кариерата.
Познато е дека одбил понуда од Саудиска Арабија, но покрај тоа имал и неколку други понуди.
Негов приоритет е да остане во Премиер лигата, претходно како заинтересирани се споменуваа Фулам, Вест Хем, Кристал Палас и Лидс, но не е познато до каде напредувале овие преговори.
Стерлинг пристигна во Челзи во летото 2022 година од Манчестер Сити за 56.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ: Бев на пат кон дома, Мусети заслужи да победи
Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен по непредвидлив тек на настаните и несреќни околности за неговиот противник.
Лоренцо Мусети, кој водеше со 2-0 во сетови, беше принуден да го предаде мечот, што му овозможи на Ѓоковиќ да ја продолжи борбата за титулата.
„Многу ми е жал, денес беше подобар, со мислите веќе бев на пат кон дома. Ми се случило ова неколку пати во кариерата, но сега беше екстремно.“ рече Ѓоковиќ.
Српскиот ас отворено зборуваше за сопствените грешки и неуспешната тактика.
„Стратегијата функционираше во првите неколку гемови, а потоа сè се распадна. Имав околу 40 грешки покрај неколкуте винери. Мусети е таков што никогаш не знаеш што ќе одигра, дали „пасинг“ или кратка топка. Требаше да победи, мислам дека ќе победеше ако беше здрав. Што да кажам? Имав среќа и се надевам дека ќе можам да играм подобро“
Тој го истакна и фактот дека имал среќа:
„Гледам на тоа од позитивна страна, едноставно, понекогаш го губите ритамот на теренот кога играте помалку и треба да тренирате и да бидете на теренот што е можно подолго“.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против бранителот на трофејот, Јаник Синер или Бен Шелтон.

