Спорт
УФЦ ја истражува победата на Нуерданбике над Дарик Минер
Шaјилан Нуерданбике го победи Дарик Минер во перо категорија на настанот на УФЦ во Лас Вегас. Најпознатата организација за боречки вештини најави дека ќе ги истражи сомнителните уплати во обложувалниците. Нуерданбике победи со технички нокаут во првата рунда.
Пред натпреварот се шпекулираше дека Минер има повреда, поради што наеднаш биле уплатени големи суми на пари за победа на Нуерданбиек со нокаут во првата рунда, што и се случи.
УФЦ испрати соопштение, кое го пренесе ЕСПН.
„Како и многу професионални спортски организации, УФЦ работи со независна обложувачка агенција која ги следи обложувачките активности на нашите настани“, рекоа тие и продолжија:
„Нашиот партнер, водечки снабдувач на податоци за спортско обложување во реално време во Северна Америка, ќе спроведе истрага и ќе ги објави резултатите. Во овој момент немаме причина да веруваме дека некој од спортистите вклучени во борбата или некој поврзан со нивните тимови постапија на неетички или неодговорен начин“.
Контроверзната ситуација настана откако УФЦ минатиот месец објави дека борците и нивните тимови повеќе не можат да се обложуваат на борби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

