Спорт
Уго Санчез: Морате да го разберете Мбапе

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ, иако со месеци се пишуваше дека ќе се пресели во Реал Мадрид. Наводно, Мбапе, покрај огромната плата во ПСЖ, добил и слобода да влијае на составот на тимот.
Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Хуго Санчез ја коментираше одлуката на Французинот да остане во Париз.
„Не знам како размислува Мбапе, но имам чувство дека тој не му рекол „не“ на Реал. Мислам дека им рекол да почекаат уште малку. Тој е под голем притисок, веројатно членови на семејството му предложиле да не оди во Реал. На крајот на краиштата, тоа е негов сон, а соништата можат да почекаат малку“, изјави Санчез во интервју за „Марка“.
„Мислам дека испраќа сигнали дека сака да дојде во Реал Мадрид, но во моментов, поради политиката и економијата, Реал нема да го донесе. Очекуваше да заработи многу пари доаѓајќи во Мадрид, тоа ќе му успее и во ПСЖ. Не е тоа поентата.во тоа дека го изневери Реал Мадрид, туку дека не сакаше да ја изневери ситуацијата што му беше понудена во ПСЖ. Мора да го разберете тоа“, изјави Санчез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона пронајде стопер во редовите на Вилјареал

Барселона не може така лесно да го доведе Цезар Аспиликуета, бидејќи Челси се обидува да го задржи, а алтернативата е Хуан Фојт. Наводно, Матеу Алемани одржал состанок со Вилјареал, Фојт е една од опциите за Барселона, бидејќи Чави сака играч кој може да игра и како бек и како стопер.
Фојт пристигна во Вилјареал во летото 2020 година, прво на позајмица, а потоа „жолтата подморница“ го откупи за 15 милиони минатото лето.
Барселона е подготвена да плати до 10 милиони за неговиот трансфер, доколку Челси го блокира заминувањето на Аспиликуета.
Фојт има само 24 години, тој е стандарден аргентински репрезентативец и Чави смета дека би можел да биде добро решение во ротацијата.
Спорт
Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Љупчо Марковски, Елиф Елмас не го заборава својот клуб (ФОТО)

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.
Спорт
Интер мора да се ослободи од Џеко и од Санчез за да го доведе Дибала

Италијанскиот вицепрвак Интер и понатаму е во преговори со Пауло Дибала, но мора да се ослободи место во тимот за да може да го комплетира неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“.
Един Џеко и Алексис Санчез мора да го напуштат Интер за да дојде Пауло Дибала, пишува „Газета дело Спорт“.
Белгиецот Ромелу Лукаку исто така се враќа во Интер како позајмен играч, па тренерот Симоне Инзаги и раководството на клубот ќе мора да продадат дел од фудбалерите за да можат да доведат и нови имиња.