Спорт
Украина ја освои Шкотска и дојде на чекор до пласман на Мундијалот

Украина, во првиот официјален фудбалски меч по почетокот на војната, успеа да направи подвиг и на „Ајброкс“ да ги совлада Шкотска со 1:3 за да се пласира во финалето на баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Мечот требаше да се оддржи во март, но беше одложен поради војната во Украина, и сега репрезентацијата на оваа земја има шанса да се пласира на Мундијалот со победа над Велс, кои во март ја елиминираа Австрија.
Мечот во Глазгов започна со емотивно оддавање почест на сите загинати во војната, а потоа Украинците не покажаа милост за домаќините и покрај убавиот пречек. Досегашниот фудбалер на Вест хем, Андриј Јармоленко го отвори резултатот во 33. минута, пред само што започна второто полувреме, во 49. минута Роман Јаремчук да зголеми на 0:2. Ѕвездата на Селтик, Калам Мекгрегор даде надеж на домаќините со голот во 79. минута, но тоа не беше доволно за камбек, откако Артем Довбик во 95. минута да стави точка на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA
Спорт
Голманот на Порто пред трансфер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е блиску до потпишување на договорот со голманот на Порто и Португалија, Диого Кошта, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Повикувајќи се на свои извори, Би-би-си, пишува дека Сити се согласил да ја активира откупната калузула во договорот на голманот која изнесува 75 милиони евра.
Според овој извор, Кошта веќе се согласил да се пресели во Манчестер Сити, а неговиот менаџер, Жорге Мендеш, моментално е во интензивни преговори со двата клуба за трансферот да се реализира што е можно поскоро.
Диого Кошта одигра 43 натпревари за Порто минатата сезона, прими 45 гола, на 19 натпревару не прими гол.
Foto/ EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
Спорт
Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.
Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.
Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.
Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.
Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.
Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH