Спорт
Унгарија на пенали до европското злато во ватерполо!

Унгарија по рекорден 13-ти пат ја освои европската титула во ватерполо, откако во меч со драматична завршница на пенали ја совлада Шпанија во Будимпешта, откако по регуларните четири четвртини беше 13:13.
Шпанците имаа подобар старт на мечот и ја освоија првата четвртија со 3:1, но Унгарците во втората четвртина направија пресврт и поведоа со 4:3, водство кое го имаа до крајот на мечот, пред Шпанците да успеат да израмнат. Во пенал серијата, Унгарија беше подобра со 5:4 за ново злато.
Шпанија направи огромно изненадување со полуфиналната победа над Хрватска, но третпат се задоволува само со сребрениот медал. Црна Гора претходно со 10:9 ја победи Хрватска за да го освои бронзениот медал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ ќе испрати понуда за дефанзивецот на Валенсија

Foto/ EPA-EFE/Ana Escobar
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, има намера да ја засили одбраната во летниот преоден рок.
Веднаш по завршувањето на сезоната, ПСЖ стапи во контакт со Борнмут во врска со украинскиот дефанзивец Иља Забарњи. Преговорите не вродија со плод, Борнмут не отстапува од сумата која ја одреди. Клубот од јужниот дел на Англија бара 60 милиони евра.
Свесни дека Борнмут нема да попушти, од ПСЖ се свртеа кон играчот на Валенсија, Јарек Гашоровски.
Иако е под договор до 2027 година, Валенсија би можела да прифати понуда од околу 12 милиони евра, што е далеку под откупната клаузула од 60 милиони евра.
Покрај ПСЖ, интерес за Гашоровски покажаа и Брајтон, ПСВ …
Спорт
Баерн заинтересиран за Маркус Рашфорд

Foto/ EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (27), откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра.
Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона.
„Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како напаѓач“, пишува „Билд“.
Некои британски медиуми објавија дека приоритет на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во странство, бидејќи сака да оди во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Деновиве тој изјави дека би сакал да игра со Ламин Јамал во Барселона, но иако Каталонците се заинтересирани, проблемот се парите.
Рашфорд ја започна кариерата во младинските категории на Манчестер јунајтед, а за првиот тим на клубот „од Олд Трафорд“ одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.
Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.