Спорт
Унион Берлин заинтересиран за Енис Барди

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди има понуда да се пресели во Бундес лигата. Интерес за Барди покажа Унион Берлин, на чија клупа од пред две недели седи поранешниот тренер на Барди во Трабзон, Ненад Бјелица.
Бјелица, го предводеше Трабзон на 16 натпревари, Барди ги одигра сите со учинок од три гола и две асистенции.
Хрватскиот тренер го наследи на клупата на Унион Берлин, Урс Фишер кој доби отказ порад катастрофалната серија на резултати. Унион на последните 15 натпревари едбаш одигра нерешено и забележа 14 порази во сите натпреварувања.
Доколку клубовите се договорат извесно е дека Барди кариерата ќе ја продолжи во Германија.
Барди пред Трабзон играше во Примера, во Леванте. Шпанскиот клуб од неговиот трансфер заработи три милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл на маратонот во Токио, Симба во фото финиш до златниот медал

Алфонсо Феликс Симбу од Танзанија во спектакуларен финиш го освои златниот медал на маратонската трка на Светското првенство во Токио.
Победникот беше решен во фотофиниш, а Танзаниецот Алфонс Феликс Симбу буквално му го украде златото на Германецот Аманал Петрос. Ова е првиот и најсјаен медал во историјата на оваа африканска земја на светските првенства.
Двајцата заедно со Италијанецот Ауани влегоа заедно на стадионот. На околу 100 метри пред целта, Петрос го засили темпото и се чинеше дека Симба не може да го следи.
Сепак, во последните 20 метри, Танзаниецот пронајде нова сила, почна да се забрзува и во последните сантиметри влезе во целта пред Петрос. Двајцата постигнаа резултат од 2:09;48 часа, но Симбу беше побрз за само 0,03 секунди. Италијанецот Ауани го освои бронзениот медал пет секунди зад него.
Високата влажност беше огромен проблем и голем број фаворити испаднаа, вклучувајќи тројца натпреварувачи од Етиопија и еден Кениец.
After 42.2km, this is the most insane finish to a marathon you’ll ever see.
A photo finish was needed to determine the winner: Tanzania’s Alphonce Felix Simbu. #WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/6u1izgWVss
— John Dean (@JohnDean_) September 15, 2025
Спорт
(Видео) Барселона ја декласира Валенсија

Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0.
Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.
Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот.
Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.
Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53-та минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.
Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски.
Полјакот на теренот влезе во 68-та минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.
Се играше во 78-та минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.
Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за триумф на Милан

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А.
Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута.
Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој „полуде“ по таа одлука.
Милан на крајот стрепеше за победата, иако беше подобар во текот на целиот натпревар, дури четири пати неговите ја погодија стативата.
Тоа го направија еднаш Первис Еступињан и Самуеле Ричи, а двапати напаѓачот Сантијаго Хименез.
Милан ја оствари втората победа сезонава, има шест бода, додека Болоња остана на три бода, освоени во дуелот со Комо.
Foto/ EPA