Спорт
Уругвај и Перу победија, Колумбија освои бод во Парагвај
Три квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство во Катар се одиграа изминатата ноќ. Победи забележаа Уругвај и Перу, додека без победник заврши дуелот Парагвај-Колумбија.
Уругвај без Луис Суарез и Единсон Кавани, лесно се справи со Боливија (4:2). Де Арасета ппостигна два гола, а по еден Валверде и Алварез. Двата гола за Боливија го постигна Морено.
Перу со минимален резултат ја победи Венецуела. Единствениот гол на натпреварот го постигна Куева во 35.минута. Венецуела од 38.минута играше со играч помалку, Ринкон беше исклучен поради два жолти картони.
Парагвај и Колумбија одиграа 1:1. Домашната репрезентација во водство дојде со голот на Сарабија во 40.минута, израмни Квадрадо од пенал 13.минути подоцна.
По неколмплетното осмо коло на табелата водат Бразил и Аргентина со 21, одноно 15 бодови и натпревар помалку, Еквадор има 13, Ургвај 12, Колумбија 10, Парагвај и Перу по 8, Чиле 7, Боливија 6 и Венецуела 4 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома рутински го победи Кремонезе
Фудбалерите на Рома го победија Кремонезе со 3:0 (0:0) во натпреварот од 26-то коло од италијанското првенство.
Со оваа победа, Рома стигна до третото место на табелата – прескокнувајќи го актуелниот шампион Наполи, кој претходно загуби од Аталанта.
Рома беше доминантна во текот на целиот натпревар, но отпорот на гостите го скрши во второто полувреме кога головите ги постигнаа Кристанте, Ндика и Пизили.
Foto/ EPA
Спорт
Затворени ЗОИ во Милано и Кортина – Норвешка најсуспешна нација
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина беа затворени, со свечена церемонија во Верона.
Во согласност со Олимписката повелба, церемонијата на затворање ги комбинираше протоколарниот и културниот сегмент од програмата.
Ова се првите Олимписки игри чија церемонија на затворање се одржува за време на мандатот на претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри.
Градот Верона беше избран за домаќин на церемонијата, иако таму не се одржаа натпревари. Намерно беше избрана локација што потсетува на атмосферата на античките Олимписки игри.
Античкиот римски амфитеатар во Верона, познат по својот летен оперски фестивал и бројни културни настани, ќе биде домаќин и на церемонијата на отворање на Параолимписките Зимски игри на 6 март 2026 година.

Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Кирсти Ковентри ги прогласи Олимписките игри за затворени.
„Драги пријатели, со ова ги прогласувам Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 за затворени. Во согласност со традицијата, ги поканувам младите од светот, како сите вас тука вечерва, да се собереме по четири години во Француските Алпи за да ги прославиме заедно 26-те Зимски олимписки игри. Се гледаме во 2030 година“, рече Ковентри.
На Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026, се натпреваруваа околу 2.871 спортисти од 92 земји, во 116 олимписки дисциплини во 16 спортови, а Игрите траеја од 6 до 22 февруари 2026 година.

Норвешкиот скијач Јоханес Хосфлот Клебо стана првиот натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри што освои шест златни медали на едни Игри, надминувајќи го рекордот на Ерик Хајден поставен во 1980 година, за вкупно 11 олимписки златни медали во неговата кариера – што го прави еден од најголемите зимски натпреварувачи на сите времиња.
Норвешка е најуспешната нација со 40 медали, од нив 18 се златни, а по 11 сребрени и бронзени.
САД го поставија својот рекорд за најмногу златни медали на едни Олимписки игри, освојувајќи најмалку 11 златни медали, вклучувајќи историско злато во машки хокеј по 46 години.
Скијачкото планинарење го имаше своето деби на Игрите како нов олимписки спорт.
Игрите се одржаа во повеќе градови и локации низ северна Италија, што ги прави едни од најобемните ЗИО во историјата.
Учеството на жените достигна највисоко ниво досега, со околу 47% од спортистите меѓу сите учесници на Игрите.
Спорт
Басконија го освои Купот на Кралот
Кошаркарите на Басконија го освоија овогодинешниот Куп на Кралот, во големото финале на завршниот турнир во Валенсија го победија Реал Мадрид со 100.89.
По голема драма, Басконија, која е на самото дно во Евролигата, успеа да го победи „кралот“ и да го освои трофејот.
Реал имаше и двоцифрена предност, 40:30 во вториот дел, +8 во третиот и +7 на почетокот на четвртиот.
Сепак, Басконија на крилата на Тимоти Луваву, Трент Форест и конечно Маркус Хауард успеа да направи пресврт.
Луваву беше најефикасен со 28 поени, 23 постигна Омороји, додека Трент Форест се надоврза со дабл-дабл од 22 поени и 10 асистенции, со дури девет скока.
Во тимот на Реал, Андрес Фелиз и Марио Хезоња имаа по 15, Факундо Кампацо постигна 14, а Тео Маледон 12 поени.
Басконија стигна до седмиот трофеј во Купот на Кралот во својата историја.

