Спорт
УС Опен ќе дозволи учество на руски и на белоруски тенисери, но под неутрално знаме

Раководните луѓе на УС Опен одлучија да дозволат настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки на годинашното издание на турнирот. Американскиот тениски сојуз (УСТА) сепак постави еден услов.
Сите учесници кои доаѓаат од овие две земји ќе мора да настапат под неутрално знаме. Поради руската инвазија на Украина, руските и белоруските спортисти во изминатиот период се цел на санкции. На Вимблдон нема да им биде дозволено учество, но, сепак, УС Опен нема да направи таква стриктна забрана.
Последниот турнир од гренслем – серијата започнува на 29 август. Титулите од минатата година ги бранат Данил Медведев во машка и Ема Радукану во женска конкуренција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ИТФ ќе стане Светски тенис

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека ќе го промени своето име во „Светски тенис“ од 2026 година.
Промената беше усвоена од националните тениски федерации на годишниот состанок на управното тело.
„Промената ќе обезбеди појасен идентитет што е порелевантен за играчите, навивачите, партнерите и засегнатите страни во тенисот низ целиот свет и ќе го усогласи брендот со повеќето од најистакнатите светски управни тела“, се вели во соопштението на ИТФ.
Управното тело на тенисот е основано во 1913 година во Париз, а стана Меѓународна тениска федерација во 1977 година.
Управните тела на бројни спортови ги сменија своите имиња во претходните години, вклучувајќи ги Светска атлетика, Светско пливање и Светски бокс.
„Светскиот тенис подобро го одразува тоа кои сме денес: глобалното управно тело и чувар на тенисот, кои напорно работат со нашите членови за да го обезбедат тенисот“, рече претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.
Спорт
Проблем за Милан, се повреди Рабио

Адриен Рабио (30), незаменлив играч од средниот ред на Милан и француската репрезентација, го повреди листот на левата нога додека играше за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство. Дополнителните прегледи покажале дека неговиот солеус, клучен мускул во потколеницата, е оштетен.
Рабио ќе паузира околу еден месец. Ова значи дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина, Пиза, Аталанта, Рома и Парма, а прашањето е дали ќе го игра во градското дерби против Интер. Тоа е голем удар за Милан бидејќи Рабио е незаменлив откако пристигна од Марсеј на крајот од летниот преоден рок.
Оттогаш не пропуштил ниту минута во сите пет натпревари на Милан.
Спорт
Синер и Алкарас рутински славеа над Ѓоковиќ, односно Фриц

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се пласираа во финалето на турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад. Турнирот е егзибиција, не е во калнедарот на АТП, а во полуфиналето Алкараз и Синер беа супериорни против Тејлор Фриц, односно Новак Ѓоковиќ.
Јаник Синер во два сета со 6:4, 6:2 го победи Ѓоковиќ. Најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ нема решение за Синер. Италијанецот ја забележа седмата последовна победа против Ѓоковиќ.
Она што треба да го загрижи Ѓоковиќ што нема никакво решение за играта на Синер. Италијанецот направи брејк во вториот гем, а откако го доби првиот сет, со брејк го отвори вториот, а уште еден брејк направи во петтиот гем, со што птактично и го реши мечот.
Исто како и Синер и Карлос Алкараз славеше со 6:4, 6:2 во дуелот со Тејлор Фриц.
Овој меч имаше речиси ист тек како и дуелот Синер-Ѓоковиќ. Алкараз во првиот сет направи брејк во петтиот гем, во истиот гем му го одзеде сервисот на противникот и во вториот сет, а потоа направи брејк и во седмиот гем.